21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИErste Group ќе ја отплати државната помош

Erste Group ќе ја отплати државната помош

Bankenlogos, ERSTE Bank Photo: Michaela Bruckberger

Австриската „Erste Group“ соопшти дека планира да отплати околу 1,8 милијарди евра од помошта која ја доби во текот на глобалната финансиска криза во 2008 година.

По таа акција, акциите на „Erste Group“ се намалија за речиси седум проценти.

„Erste Group“ најголемиот кредитор во Централна и Источна Европа, наведува дека во третиот квартал од оваа година ќе врати 1,2 милијарди евра од помошта која ја доби од државата, како и 559 милиони евра, кои и ги позајмија приватните инвеститори, пренесува агенцијата Франс прес.

Банката, исто така, наведува дека во наредниот квартал планира да ја надокнади загубата на капиталот, односно да собере 660 милиони евра, во согласност со меѓународните прописи.

Како и многу други банки во Австрија и во светот, „Erste Group“, со 50.000 вработени во седум земји, доби државна помош во 2008 година, во екот на глобалната финансиска криза.

„Erste Group“ наведува дека профитот од работењето во оваа година веројатно ќе биде намален за пет проценти, додека даноците во банкарскиот сектор во Австрија, Словачка и Унгарија ќе продолжат негативно да влијаат на нето профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП