Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,778.34 0.9%    FERS 77,100.00 0.13%    KMB 5,203.86 0.07%    MPT 62,171.24 0.99%    OKTA 4,660.00 -2.92%    SKP 54,000.00 -17.8%    STB 1,012.59 0.06%    STIL 106.00 0%    

Kој е твојот изговор да се фатиш за мобилниот додека возиш?

Време: 10:39

Датум: февруари 6, 2019

Категорија: АВТОБИЗ

Нема возач кој не знае дека зборувањето на мобилен телефон го одвлекува вниманието од случувањата во сообраќајот. Нема возач кој не знае дека пишувањето пораки додека вози е ризично и опасно. Сите знаат, голем број возачи ја почувствувале таа опасност и тој ризик, но и покрај тоа, секојдневно го користат мобилниот телефон додека возат.

Зошто е тоа така? Зошто возачите користат мобилен телефон кога возат? Одговорот на прашањето, зошто возачите толку многу ги користат мобилните телефони додека учествуваат во сообраќајот, лежи во фактот што најголем број од возачите:

  • ја потценуваат опасноста и ризикот на кои се изложени додека го користатат мобилниот телефон;
  • мал е бројот на санкционирани возачи и изречени санкции;
  • многу, многу изговори преку кои се настојува да се оправда потребата да се употребува мобилниот телефон додека се управува моторно возило.

Потценување на опасноста. Ако знаеме дека истражувањата на СЗО, покажуваат дека употребата на мобилен телефон ја зголемува опасноста од сообраќајни незгоди за 4 до 9 пати, ако знаеме дека пишувањето порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди, за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри, навистина вреди да се размисли, што сѐ може да ви се случи вас или на вашите најблиски и со кои ситуации и последици ќе треба да се соочите, само поради тоа што ја потценувате опасноста од користење мобилен телефон додека возите.

Санкции. Санкциите секогаш даваат добар резултат. Особено за оние кои на друг начин не можат да ја разберат опасноста на која се изложуваат со користење на мобилниот телефон зад воланот. Возач кој зборува или пишува на мобилен телефон додека вози, се санкционира со 40 евра во денарска противвредност или со регистрирање 25 негативни бода во возачката книшка. Ако ја потценувате опасноста и не размислувате за евентуалните последици од сообраќајните незгоди, размислете што сѐ можете да си обезбедите за себе или за вашите блиски со 40 евра кои ќе мора да ги платите доколку бидете санкционирани. Вреди ли таа порака или тој повик 40 евра и колку пати по 40 евра можете да платите?

Изговори. Многу пролеани солзи, изгубени животи, човечки судбини, семејни трагедии – само поради еден повик, само поради една порака. И пак изговори. „Требаше да се јавам.“, „Имав итен повик“, „Вака беше важно, онака беше важно.“, „Толку беше итно, онолку беше итно.“ И повторно сообраќајна незгода, повторно солзи, крв, загубени животи, повредени лица. И  следниот ден, пак исто. И пак изговор. „Ова мора, ова може, ова не може.“,  „Ова трпи, ова не трпи.“, Секој по свое. И на крај последниот изговор: „Биди ׳позитивен‘, не мисли на лошото“, „Од пишаното не се бега!“ и повторно мобилниот во рака зад воланот. До кога и до каде?

Следејќи ги случувањата во сообраќајот, РСБСП со неколку прашања до секој возач кој користи телефон зад воланот:

  • Кој е твојот изговор да се фатиш за мобилниот додека возиш?
  • Кој е толку важен и што е толку важно, што не може да почека, да застанете на првото безбедно место, на кое може да се запре возилото и да разговарате?
  • Кој е твојот изговор да загинеш или да убиеш некој додека возиш, само поради една порака или еден повик?
  • Што и кој е поважен од чиј било живот? Никој и ништо!

Затоа, „БЕЗ ИЗГОВОРИ“! Остави го мобилниот додека возиш и фокусирај се на патот и случувањата во сообраќајот. На тој начин ќе бидеш безбеден и нема да дозволиш ништо да те изненади додека возиш.

РСБСП со апел: Без изговори! Без мобилен телефон зад воланот!

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Гладни за секоја кривина: Претставени новиот Porsche 718 Spyder и 718 GT4

    Гладни за секоја кривина: Претставени новиот Porsche 718 Spyder и 718 GT4

    Семејството 718 ги поздравува новите членови: со новиот 718 Spyder и 718 Cayman GT4, Porsche воведува два посебно емотивни и моќни модели подготвени да го…

  • Huawei планира до 2022 година да претстави автомобил кој самостојно ќе вози со помош на вештачка интелегенција

    Huawei планира до 2022 година да претстави автомобил кој самостојно ќе вози со помош на вештачка интелегенција

    Huawei има намера најдоцна во 2022 година да претстави автомобил кој самостојно ќе вози со помош на вештачка интелегенција. Компанијата Huawei работи со европски, јапонски и…

  • Tesla има спремен дизајн за авто-подморница

    Tesla има спремен дизајн за авто-подморница

    На годишниот состанок на акционерите на компанијата Tesla, кој бил одржан вчера, Илон Маск одговарал на прашања. Меѓу стандардните прашања за новите модели (прототип на…

  • Новиот T-Cross доби пет ѕвезди во Euro NCAP тестовите(фото)

    Новиот T-Cross доби пет ѕвезди во Euro NCAP тестовите(фото)

    Не може да биде подобар. Најновиот член на семејството Volkswagen сега се закити со пет ѕвезди. Новиот T-Cross извонредно се покажа во реномираниот тест за…

  • Како брзо да го разладите автомобилот во текот на голема топлина

    Како брзо да го разладите автомобилот во текот на голема топлина

    Седењето во пеколно топол автомобил не само што е многу непријатно, туку може да биде опасно за здравјето. Без разлика дали имате клима уред или…

  • БМВ се спојува со Јагуар ланд ровер

    БМВ се спојува со Јагуар ланд ровер

    Германската компанија БМВ се спојува со најголемиот произведувач на автомобили во Велика Британија, Јагуар ланд ровер (ЈЛР), пишува лондонски „Гардијан“. Гигантите се одлучија да го…

  • Рено ги одложи разговорите за соединување со Фиат Крајслер

    Рено ги одложи разговорите за соединување со Фиат Крајслер

    Француската автомобилска компанија „Рено“ денеска ги одложи разговорите за соединување со италијанско – американската компанија „Фиат Крајслер“ (ФЦА), иако Управниот одбор на „Рено“ вчера, по…

  • Новиот Rolls Royce во чест на првиот прекуокеански лет

    Новиот Rolls Royce во чест на првиот прекуокеански лет

    Rolls Royce неодамна го претстави новиот модел Rolly Royce Wraith Eagle VIII, во чест на првиот непрекинат прекуокеански лет и хероите кои имале доволна одлучност и…

  • FT: Nissan ќе биде воздржан на гласањето за спојување со Fiat

    FT: Nissan ќе биде воздржан на гласањето за спојување со Fiat

    Двајцa претставници на Nissan во одборот на директори на Renault групата ќе бидат воздржани за време на гласањето по предлогот за спојување на францускиот производител и…

  • Преполовено производството на автомобили во Британија

    Преполовено производството на автомобили во Британија

    Производството на автомобили во Велика Британија во април било речиси преполовено, бидејќи фабриките се обидувале да се справат со неизвесните последици од Брегзит. Иако Европската…