29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ја подготвува премиерата на X3 M и X4 M (фото+видео)

BMW ја подготвува премиерата на X3 M и X4 M (фото+видео)

Германскиот производител „BMW“ објави видео клип со предсериските прототипови на „надуените“ М верзии на новите генерации на „X3“ и „X4“.

Премиерата на двата автомобила ќе се одржи до крајот на месецот, а пред публиката ќе се појават на Саемот за автомобили во Женева во март.

Возилата се покриени со камуфлажа, но се уште се видливи подобрувањата во аеродинамиката што влијаеле на надворешните ретровизори и на браниците со големи доводи за воздух. Кросоверите ќе добијат алуминиумски тркала и издувен систем со 4 цевки.

Засега, техничките карактеристики на „BMW X3 M“ и „X4 M“ се чуваат во тајност. Според неофицијалните податоци, двата автомобила ќе го добијат редовниот 6-цилиндричен мотор со капацитет од 3,0 литри. Моќта на единицата ќе изнесува 450 КС и ќе биде достапен изборен пакет со 475 КС.

Двата модели ќе добијат систем за погон на четири тркала – исто како и новиот седан „M5“, но посебно прилагоден за кросовери. Во опремата за возилата ќе бидат вклучени сите модерни системи и електронски асистенти кои се исто така достапни за стандардните „X3“ и „X4“.

Досега, „BMW X3“ беше еден од баварските модели за кои немаше „М“-верзија, за затоа тоа ќе биде првиот ваков автомобил. Соодветно, „M“-варијантата ќе биде и за крос-купето „X4“, која е изградена на истата платформа (CLAR) и ги користи истите агрегати како „X3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП