3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche го удвојува производството на Taycan

Porsche го удвојува производството на Taycan

Веројатно воодушевени од најдобрите критики и големото количество прелиминарни нарачки (само од Норвешка пристигнале над 3.000), во „Porsche“ одлучиле да го зголемат производството на електричниот „Porsche Taycan“.

Првично, производителот ја објави својата намера да произведе 20.000 возила годишно, но сега бројката порасна на 40.000 единици.

Засега тешко е да се каже дали „Porsche“ ќе успее да го реализира тоа уште во првата година. Судејќи според резултатите од пуштањето на ваквите автомобили, а 2018-та година беше успешна за производителот.

За изминатиот календарски период продажбата на „Porsche“ се зголемила за 4%, достигнувајќи го рекордниот показател – 256.255 продадени автомобили во 2018-та година. Поголемиот дел од растот доаѓа од новите верзии на хибридната „Panamera“.

Познато е дека лансирањето на електричниот „Taycan“ се очекува на крајот на годината.

Исто така треба да потсетиме дека само на крајот на 2018-та година, германскиот производител го името на електричниот „Taycan“. Претходно, тој беше наречен „Mission E“.

Однапред е познато дека основната верзија на електричниот автомобил ќе се напојува со мотор од 600 коњски сили. Тој ќе забрза до 100 км/ч за 3,5 секунди, а со полна батерија ќе може да помине 500 км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП