Брендот „Infiniti“ наскоро може да го напушти европскиот пазар. Раководството на Алијансата „Renault-Nissan-Mitsubishi“ разговара за ваквиот чекор поради слабите резултати.
Информациите се појавија на Интернет изданието „AutoActu.com“ и официјално не е потврдено. Како пример се посочува продажбата на хечбект „Infiniti Q30“, која изнесува 8.453 единици во 2016-та и 7.671 во 2017-та година. За првите 11 месеци од 2018-та година, од моделот во Европа беа продадени само 2.868 единици. И сето ова при услови, во кои шефовите на „Infiniti“ планирале продажба од 30.000 до 40.000 единици годишно.
Најуспешна година за брендот во Европа беше 2016-та година, кога на Стариот континент беа продадени вкупно 13.775 автомобили. Во 2017-та година, нивниот број се намали на 12.571 единици, а за 11-та месеци од 2108-та, резултатот беше речиси срамни – 5.938 возила.
Евентуалното заминување од Европа исто така се должи на фактот дека „Infiniti Q30“ се произведува во фабриката на „Nissan“ во Сандерленд. Сепак, не е јасно што ќе се случи со оваа фабрика по излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Ако ја задржи својата локација, цените на нивните автомобили ќе се зголемат, што дополнително ќе ја влоши состојбата со „Q30“.