19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTоп 10: Најпродавани автомобили во Европа во 2018-та

Tоп 10: Најпродавани автомобили во Европа во 2018-та

Како што се очекуваше, „VW Golf“ и натаму е убедливо прв на листата на најбарани автомобили на Стариот континент, пред моделите „Renault Clio“ и „VW Polo“.

Ниту во 2018-та немаше изненадувања кога станува збор за најпродаваните автомобили на европскиот пазар. На листата на најбарани модели, објавена на сајтот „focus2move.com“, која претставува вкупна продажба од 44 европски земји, првата позиција ја држи неприкосновениот „Golf“ со испорачани 502.752 автомобили.

Компактниот модел на „Volkswagen“ е убедливо прв и покрај падот во продажбата на годишно ниво од 8,8%, предизвикан пред се поради најавената смена на генерација.

Втората позиција ја задржа „Renault Clio“ на која се наоѓаше и во 2017-та, со вкупно 365.508 продадени возила, со незначителен пад од 0,7%.

Трет е уште еден „Volkswagen“ – „Polo“, со 313.449 испорачани единици и раст на продажата од 5,3%, со што го задржа местото на кое беше и лани.

Што се однесува до изненадувањата во врвот, најмногу напредуваше моделот „Dacia Sandero“, кој од 13-то се искачи на 9-то место.

Единствениот јапонски (и азиски) модел меѓу првите десет и натаму е „Nissan Qashqai“, кој забележа пад во продажбата од 7% во 2018-та, поради што се симна од одличното 4-то на и натаму доброто 6-то место.

Во продолжение можете да ја погледнете Топ 10 листата на најпродавани модели во 2018-та. (Во рангирањето се опфатенисите земји од Еу, потоа членките од трговскиот договор „EFTA“ – Норвешка, Швајцарија, Исланд, како и следните земји кои не се членки на ниту една од овие две организации – Русија, Турција, Украина, Белорусија, Србија, БиХ, Македонија, Албанија, Молдавија, Ерменија и Грузија):

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП