4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Оревокршачка“ в среда и в сабота во МОБ

„Оревокршачка“ в среда и в сабота во МОБ

Балетската претстава „Оревокршачка“ оваа недела ќе има две изведби во МОБ, и тоа в среда, 30 јануари, и в сабота, 2 февруари, со почеток во 20 часот.

Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски.

„Овој балет е ултимативна новогодишно-божикна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е во црвено, златно и во бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не ѝ е доста од ‘Оревокршачка’ пред и по Нова година, и тоа секоја година“, се вели во најавата за претставата.

Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска-Шокаровска (30.1) и Мими Поп Алексова-Атанасовска (2.2), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП