25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМанчевски ја доби наградата Eastern star на филмскиот фестивал во Италија

Манчевски ја доби наградата Eastern star на филмскиот фестивал во Италија

На јубилејниот 30. Mеѓународен филмски фестивал во Трст, Италија, на македонскиот филмски режисер Милчо Манчевски му беше доделена наградата Eastern star за достигнувања во областа на кинематографијата.

Досегашни добитници на оваа награда се италијанската актерка Моника Белучи, француската актерка Ирен Жакоб и хрватскиот актер Раде Шербеџија. Фестивалот се одржува од 18 до 25 јануари.

Во чест на заслужниот македонски уметник беше прикажан неговиот најнаградуван филм „Пред дождот“, кој го освои „Златниот лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција, беше номиниран за „Оскар“ и освои уште 30 меѓународни награди, а „Њујорк тајмс“ го вброи во 1 000 најдобри филмови на сите времиња.

Проекцијата на овој класик беше распродадена, а авторот поздравен со неколкуминутен аплауз.

Раководството на фестивалот му подготви пријатно изненадување на Манчевски поканувајќи го на сцената за време на свеченото затворање на фестивалот за да му ја врачат наградата.

„Ме поканија да го одбележиме нивниот 30-годишен јубилеј со ‘Пред дождот’. Мислев дека одам во Италија на разговор со публиката и на добра паста, ама организаторите ми спремиле изненадување со наградата”, рече Манчевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП