25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРААндре Риу доаѓа во Скопје со неговиот 60-член оркестар

Андре Риу доаѓа во Скопје со неговиот 60-член оркестар

Светската ѕвезда Андре Риу, познат како „современиот крал на валцерот“ на 6 јуни ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој во Македонија доаѓа со неговиот 60-член „Јохан Штраус оркестар“, најголемиот приватен оркестар на светот.

Концертот е во организација на „Пасворд Продукција“. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 23 јануари и ќе чинат од 3050 денари нагоре.

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти.

Меѓу останатите земји, во рамки на ланската светска турнеја Андре Риу настапи и во С.А.Д, Канада, Аргентина и Австралија, како и во Велика Британија. Со цел да се организира патувачката рута и превозот на неговата огромна продукција помеѓу континентите, сите фантастични костуми, инструментите и сценската конструкција постојат во четири идентични поставки.

Повеќе од 40 милиони продадени ЦД и ДВД изданија, 30 први места во топ-листите и 500 платинести награди се само дел од она што го прави Андре Риу вистински „маестро на публиката“, како што го нарекува „Њујорк Тајмс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП