30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧеховски Медведи во големи финансиски проблеми

Чеховски Медведи во големи финансиски проблеми

medvedi

Најновата ударна вест од Русија е од светот на ракометот, поточно за најсилниот руски ракометен клуб Чеховски Медведи. Претседателот на клубот, Владимир Максимов за медиумите истакна дека на клубот му се заканува дури и згаснување поради големите долгови.

Иако Чеховски Медведи со години држеа „монопол“ во рускиот ракомет, а особено од доаѓањето на Максимов во клубот, се чини дека преголемите договори во комбинација со тешката економска ситуација си го земаа данокот.

Максимов потврди дека ситуацијата во клубот е драматична и доколку во скоро време не се најде некое решение Чеховски Медведи би можел да престане да постои како клуб кој сите го познаваме.

„Доколку нешто драматично не се промени во скоро време, првакот на Русија ќе остане без играчи, односно репрезентацијата, како и младите надежи ќе заминат во потрага за подобар живот. Не е работата само во долговите, затоа што дури и да земеме кредит или да позајмиме пари да ги платиме обврските кон играчите, подоцна не би имале пари и би биле во уште потешка ситуација“, истакна Максимов.

Чеховски Медведи доминираат во рускиот ракомет од 2002-ра година, тие 12 пати беа шампиони на Русија. Во Европа секогаш настапувале со големи амбиции, а го освоија и Купот на куповите.

Ова е втор случај во поново време ракометен гигант од Европа да има проблеми со финансиите. Во јули минатата година банкрот прогласи данскиот првак АГ Копенхаген.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП