19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСамо за 200 Aмериканци – Subaru STI S209 (фото+видео)

Само за 200 Aмериканци – Subaru STI S209 (фото+видео)

Јапонскиот производител „Subaru“ го претстави во Детроит последниот производ од своето „STI“ (Subaru Tecnica International) одделение.

Станува збор за моделот „STI S209“ кој ќе биде произведен во ограничена серија од околу 200 единици исклучиво само за американскиот пазар.

„STI S209“ има 2,5-литарски петцилиндарски боксер со 350 KS, a моќта на двете осовинисе пренесува преку шестбрзински мануелен менувач со скратен преност на брзините.

Овој „Subaru“ го карактеризира проширени браници кои се 43,2 mm поголеми во однос на стандардниот „WRX STI“, a тоа овозможува и поголеми тркала, во овој случај „BBS“ 19-инчни зајакнати бандажи со димензии на гумите 265/35 развиени од компанијата „Dunlop“ специјално за „STI S209“.

Суспензијата е дополнително заврстена со „Bilstein“ амортизерите, додека за запирањето се задолжени „Brembo“ сопирачките.

„STI S209“ ќе се испорачува во две комбинации на боја – бела каросерија и златни линии, како и сината која потсетува на „WRC“ ерата на „Subaru“ со сиви линии.

„Subaru“ најави дека првите возила ќе им ги испорача на купувачите во текот на средината на годината, а цената ќе биде позната дури пред почетокот на продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП