
Германскиот гигант „Volkswagen“ го откри „Golf GTI TCR“, легална верзија на автомобил инспириран од тркачки модел.


Германскиот гигант „Volkswagen“ го откри „Golf GTI TCR“, легална верзија на автомобил инспириран од тркачки модел.
„TCR“ е сместен помеѓу „Golf GTI Performance“ и „Golf R“, и го придвижува 2,0-литарски четирицилиндарски агрегат кој развива 290 KS.

Тоа е 45 KS повеќе од обичниот „GTI“, a 10 KS помалку од „R“ верзијата на „Golf“.
За пренос на моќта на предната осовина е задолжен седумбрзинскиот автоматски менувач со двојно квачило, со кој „TCR“ забрзува за 5,6 секунди до „стотка“ и развива максимална брзина од 260 km/h.

Почетната цена на „Golf GTI TCR“ во Германија е 38.950 eвра, a дополнителните пакети на опрема чинат 2.350 и 3.200 eвра.