Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Реализирани активности во рамките на Европската година на културното наследство 2018

Време: 16:30

Датум: јануари 9, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Со oдлука на Европскиот парламент и Советот на Европската Унија, 2018 година беше прогласена за Европска година на културното наследство. Целта на оваа eвропска иницијатива беше да го промовира значењето на eвропското културно наследство и да ја зајакне свеста за заедничката европска историја и вредности.

Европска година на културното наследство покри четири клучни теми што се однесуваат на културното наследство и тоа: вклученост, одржливост, зачувување и иновација. Преку овие теми, во земјите членки на Европската Унија оваа година беа спроведени преку 11 500 настани и проекти на европско, национално, регионално и локално ниво, инволвирајќи 6.2 милиони жители на Европската Унија, особено деца и млади, со цел зајакнување на нивното знаење за културното наследство, но и за припадноста во поширокото eвропско семејство.

Иако Република Македонија сè уште не е полноправна членка на Европската Унија и немаше обврска да ја спроведе одлуката на европските институции за спроведување на оваа целогодишна манифестација, сепак Управата за заштита на културното наследство се приклучи со повеќе активности.

Оттука, стручни лица од Управата заштита на културното наследство изготвија национална програма на активности со кои и Република Македонија им се приклучи на земјите членки на Европската Унија во прославувањето на вредностите и на македонското културно наследство како дел од европското. Во таа насока, во кампањата што ја водеше Управата, беа вклучени проекти и активности за популаризација на нашето, но европско културно наследство, негово приближување до пошироката јавност преку јавни презентации, промоции и едукативни настани за децата и младите, стручни настани (работилници, обуки) за вработените во институциите за заштита на културното наследство, но и за граѓанскиот сектор и локалните заедници.

Оваа програма на активности за одбележување на Европската година на културното наследство, беше спроведена под слоганот ,,Нашето наследство – Европска вредност!“ и мотото ,,Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“ .

Во рамките на оваа програма беа спроведени вкупно 19 активности, од кои 15 беа спроведени во Македонија, додека 4 беа реализирани во делот на меѓународни активности.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Град Скопје ќе финансира 231 проект во областа на културата

    Град Скопје ќе финансира 231 проект во областа на културата

    Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес…

  • Оперската претстава „Тоска“ во МОБ

    Оперската претстава „Тоска“ во МОБ

    Оперската претстава „Тоска“ на Џакомо Пучини ќе биде изведена в петок, 18 јануари, со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет. „Тоска“ е…

  • „Емоции за еден град” – изложба за подобро утре

    „Емоции за еден град” – изложба за подобро утре

    Изложбата Celebrate Life/Емоции за еден град на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде поставена на 18 јануари 2019 година во галеријата „Акантус“ во Дебар…

  • „Каде и да си за Василица дома да си“, вековна девиза на вевчанци

    „Каде и да си за Василица дома да си“, вековна девиза на вевчанци

    Зетот, невестата, двата ѓавола и двата глупи августа, како и останатите маски инспирирани од случувањата во изминатата 2018 година, викендов традиционално ќе продефилираат низ улиците…

  • „Самсон и Далила“ на 15-ти јануари во МОБ

    „Самсон и Далила“ на 15-ти јануари во МОБ

    Балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс ќе биде изведена на 15-ти јануари, вторник, со почеток во 20 часот во Македонската опера…

  • Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во трка за „Златна мечка“

    Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во трка за „Златна мечка“

    Македонија за првпат во историјата на македонската кинематографија ќе учествува во главната селекција на Берлинскиот филмски фестивал со филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија”…

  • Дискохитови во МОБ за Василица

    Дискохитови во МОБ за Василица

    Македонската опера и балет најави концерт со дискохитови по повод празникот Василица. Концертот е насловен Disco fever, а ќе бидат изведени најдобрите диско-хитови од 70-тите…

  • Kонкурсот за „Роман на годината“ е отворен до 15-ти јануари

    Kонкурсот за „Роман на годината“ е отворен до 15-ти јануари

    Поради одлуката на Општина Центар да ја затвори читалницата „Славко Јаневски“, романите кои конкурираат за наградата „Роман на годината“ ќе се доставуваат во Културно-информативниот центар…

  • Дарио и „New Blue Trio“ вечерва на Винтерленд

    Дарио и „New Blue Trio“ вечерва на Винтерленд

    На новогодишната населба „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“ вечерва во 20 часот ќе настапи Дарио, а музичката програма ќе продолжи во 22 часот со настапот „New…

  • Велешкиот театар ја завршува сезоната со новогодишна претстава за деца

    Велешкиот театар ја завршува сезоната со новогодишна претстава за деца

    В сабота, на 29 декември, на големата сцена, со почеток во 18 часот театарот „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес ќе ја изведе новогодишната претстава за деца…