6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанката на Кипар отпушта 2.500 работници

Банката на Кипар отпушта 2.500 работници

bankatanakipar1

Банката на Кипар до крајот на оваа година ќе отпушти околу 2.500 службеници, изјави претседателот на Советот на директори на оваа институција, Софоклис Михаелидис.

Според него, отказите ќе бидат во рамките на реструктуирањето на банката на Кипар, кое се спроведува на барање на меѓународните кредитори како услов за доделување на помош од 10 милијарди евра, пренесува агенцијата АП.

Михаелидис изрази надеж дека во блиска иднина ќе постигне договор со синдикатот на вработените во банката за програмата за доброволно напуштање на работните места, со што ќе се намали бројот на работници.

На есен е планирано отпуштање на 1.000 службеници, а во декември уште 1.500, додаде тој.

Михаелидис, исто така, изјави дека ќе биде затворен значителен број на банкарски одделенија во земјата. Се претпоставува дека ќе останат 100 до 120 одделенија од постојните 200.

Бројот на вработените во Банката на Кипар, како резултат на санацијата на банкарскиот сектор и консолидацијата со Кипарската народна банка, која постепено се укинува со одлуката на „тројката“ кредитори, достигна 5.700 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП