6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛегендарниот бренд се враќа со 4 електрични автомобили (фото)

Легендарниот бренд се враќа со 4 електрични автомобили (фото)

Компанијата „Dianchè“, која е дел од британски холдинг „Flymove“ ќе го заживее легендарниот бренд „Betone“. Ова е дел од договорот со „AKKA Technologies“, која ги има правата на брендот. Така името „Bertone“ ќе се користи за сосема нов опсег на електрични возила.

На врвот ќе биде електричниот суперавтомобил „Dianchè Bertone BSS GT Cube“ (на сликата погоре), кој ќе добие по еден електромотор со моќност од 300 киловати на секоја оска. Купето ќе развива вкупно 816 КС, што ќе му овозможи да забрзува од 0 до 96 км/ч (60 милји) за 2,2 секунди и да развие максимална брзина од 350 км/ч.

Послабата верзија на овој модел – „Dianchè Bertone BSS GT One“ (на сликата) ќе добие агрегат со 408 КС и ќе имам максимална брзина од 300 км/ч. За него недостасуваат други детали, но е познато дека тестовите на двата суперавтомобили ќе стартуваат во март.

Во палетата на „Dianchè“ ќе влезат и два градски автомобил на струја – „BSS City Car Cube“ (на фотографијата) и „BSS City Car One“. Нивната главна карактеристика ќе биде можноста за трансформација на каросеријата, па возачот ќе се наоѓа во средината на кабината.

Автомобилите ќе бидат опремени со систем за замена на батериите, па наместо станици за полнење, „Dianchè“ ќе изгради цела мрежа од сервисни центри. Во нив батериите на електричните возила ќе се променат за само 3 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП