25 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 31.12.2018 до 06.01.2019

Неделен хороскоп 31.12.2018 до 06.01.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

РАБОТА: Пред Вас е поволна работна недела. Некои работи биле блокирани и ве нервирале, сега конечно се придвижија и тоа делува позитивно на вас. Доколку сте на повисока позиција можно е одложување на некој состанок или краток пат. Доколку се занимавате со приватен бизнис, состојбата ќе биде задоволителна. Можен е поголем прилив на пари.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, генерално состојбата е поволна. Слободните имаат интензивна потреба да најдат партнер и да му се посветат. Оние кои се во врска имаат нагласена потреба што подолго време да минуваат со партнерот. Оние пак кој се во брак се задоволни со истиот и тука ништо нема да менуваат.

ЗДРАВЈЕ: Можни се повреди, поради тоа бидете внимателни.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

РАБОТА: Пред Вас е сосема солидна работна недела. Може да се случи овие денови да бидете фокусирани на парите многу повеќе отколку обично. Доколку сте на некоја раководна функција може да дојде до одложување на некои планови. Тие во суштина не се лоши, но не е вистински момент за нивна реализација.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта состојбата е следнава: слободните преку пријатели ќе запознаат потенцијален партнер. На оние кои се во врска истата им се движи во нагорна линија. Сепак состојбата не е најповолна за тие кои се во брак. Партнерот ќе има трошоци за кои нема да ве извести.

ЗДРАВЈЕ: Вашето здравје ќе биде сосема солидно.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

РАБОТА: Повеќето договори кои ќе ги воспоставите ќе бидат одложени за во иднина, а тоа на вас не ви е од корист. Можни се поголеми парични приходи, но со себе ќе донесат импулсивен трошок на некоја беспотребна работа.

ЉУБОВ: Близнаците преку работа можат да го запознаат потенцијалниот партнер. Оние кои се во врска уживаат во истата. Состојбата е шаренолика кај Близнаците кои се во брак: некои работи кријат од партнерот, а партнерот изгледа како да не е премногу заинтересиран за тоа што се случува со вас.

ЗДРАВЈЕ: Настинка и грип.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

РАБОТА: Пред Вас е вообичаена работна недела. Размислувате како да заработите уште повеќе пари.

ЉУБОВ: Кога љубовта е во прашање, ситуацијата не е прикажана како најдобра. Слободните размислуваат за личности од минатото. Размислуваат и како да го обноват контактот, но засега не се осудуваат да го направат ота. Оние кои се во врска не се премногу задоволни од истата, но засега не разговараат со партнерот за своето незадоволство. Состојбата е солидна кај оние кои се во брак. Брачниот партнер ќе биде насочен повеќе кон работата, отколку на семејството во текот на оваа недела.

ЗДРАВЈЕ: Вашата здравствена состојба полека се подобрува.

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

РАБОТА: Пред Вас е сосема солидна работна недела. Тие имаат прагматични планови, но и енергија да ги реализираат. Ова не е поволен период за оние кои се занимаваат со приватен бизнис. Нешто за што сте сметале дека е завршено или договорено ќе биде одложено за понатаму. Доколку сте планирале некоја работа со пријателите ќе дојде до одложување на истата.

ЉУБОВ: Слободните мечтаат за некоја личност од странство. Оние кои се во врска се задоволни со љубовниот аспект во животот. Ситуацијата единствено не е поволна кај тие кои се во брак. Партнерот се лути, но ниту еден од вас не е  доволно подготвен за отворен разговор.

ЗДРАВЈЕ: На поле на здравјето, не се на повидок проблеми.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

РАБОТА: Пред Девиците е тешка работна недела, затоа што ќе мораат да се соочат со пропустите од минатото. Бидете максимално смирени и фокусирани и нема да имате поголеми компликации.

ЉУБОВ: Поволен период за проверка – размислете за тоа што не сте, а сте можеле да го направите. Тоа ќе ви помогне да ги подобрите односите со партнерот. Слободните со мала помош на пријателите ќе запознаат многу интересна личност. Солидна ситуација за брак.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со коските.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

РАБОТА: Одлична бизнис состојба. Конечно ќе имате можност да покажете дека не поседувате само шарм, туку и знаење.

ЉУБОВ: Вагите кои се во тазе врска ќе доживеат голема криза – Вие и партнерот ќе се одалечите едни од други. На оние кои се во брак ќе започнат да им пречат секакви работи, па можна е сериозна кавга. Слободните ќе бидат преоптеретени со работата, па ќе немаат време за дружење.

ЗДРАВЈЕ: Oдлично ќе се чувствувате во оваа недела.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

РАБОТА: И оваа недела ќе бидете насочени само на финансиите. Поради тоа ќе прифатите секаква работа која ќе ви биде понудена. Обидете се да се насочите на една работа, а не да талкате како „мува без глава“.

ЉУБОВ: Слободните би можеле да запознаат некоја интересна личност која има поврзаност со странство. Оние кои се во врска треба да испланираат кратко патување со партнерот, ќе ви годи повторно да се поврзете.

ЗДРАВЈЕ: Ќе почувствувате болки во коските.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

РАБОТА: Oдлична работна недела за сите Стрелци. Што се однесува до работните цели, се лесно ќе постигнете. Меѓутоа, можни се мали проблеми со колегите, но немојте да дозволите некој да ве изнервира.

ЉУБОВ: Размислувате за некоја личност од минатото, но немате доволно храброст да и се јавите. Оние кои се во врска ќе имаат сериозен разговор со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Реумата ќе претставува проблем.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

РАБОТА: Плановите кои ги правите веќе подолго време не добија поддршка од колегите и раководителите. Не дозволувајте тоа да ве демотивира.

ЉУБОВ: Слободните ќе запознаат многу интересна личност, која ќе ги заинтригира. Јарците кои се во врска повеќе ќе бидат фокусирани на пријателите отколку на партнерот, па поради тоа во најава е кавга.

ЗДРАВЈЕ: Проблеми со забите и непцата.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

РАБОТА: Имате чувство дека стагнирате и тоа ве загрижува. Искористете ја оваа недела да направите конкретни планови за следната година.

ЉУБОВ: Зафатените можат да очекуваат стабилен однос со партнерот, додека слободните ќе запознаат многу интересна личност преку работата.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со дишните органи.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

РАБОТА: Имате огромна желба нешто да промените на деловен план, но како да не сакате. Проблем се вашите внатрешни кочници.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација ви е комплицирана, бидејќи делува дека вашиот партнер се одалечил од вас. Позборувајте со него.

ЗДРАВЈЕ: Мали проблеми со коските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП