„Epic Games“ – креаторите на популарната игра „Fortnite“, објавија неверојатно успешна 2018-та година, главно поради нивната хит видео-игра.
Иако „Fortnite“ е бесплатна за игра, 125 милиони корисници на играта плаќаат вистински износи за различни козметички додатоци.
Според неименувани извори на „TechCrunch“, успехот на играта на сите платформи – „PS4“, „Xbox One“, „PC“, „Nintendo Switch“, „Android“ и „iOS“ и донел на „Epic Games“ заработка од 3 милијарди долари за оваа година.
Од „Epic Games“ немаат официјален став за оваа информација, претпочитајќи да не ги објавуваат своите финансиски резултати јавно, пишува „Форбс“.
Кинескиот конгломерат „Tencent“ поседува 40% од компанијата, при што неколку инвестициски фирми користеа дополнителни 1,25 милијарди долари во „Epic Games“ претходно во оваа година. Проценката на „Epic Games“ изнесува скоро 15 милијарди долари, што изгледа ниско за компанија со слични профити.
„Fortnite“ го привлекува вниманието на играчите од целиот свет со нејзиниот шарен и забавен изглед. Играта е особено популарна кај младите играчи, и многу од аспектите на играта се пресоздаваат во реалниот живот, како на пример, танцови потези.
Додавајќи дека играта се игра бесплатно, а за 10 долари, играчите добиваат 10-неделна „Battle Pass“, успехот не е толку тешко да се објасни. Козметичките подобрувања, кои исто така чинат пари, постојано се ажурираат, што ги прави неисцрпен извор на приходи.
Овде прашањето е колку долго „Epic Games“ ќе можат да го одржат интересот за нивната хит игра.
„Epic Games“ намени 100 милиони долари за наградни фондови во е-спортот за сезоната 2018/2019, и тие делат дел од нивниот приход со луѓето кои создаваат содржини.
Со други зборови, „Epic Games“ има затворен круг која очигледно носи милијарди.