25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru ги претставува концептите Forester STI и Impreza STI (фото)

Subaru ги претставува концептите Forester STI и Impreza STI (фото)

Јапонскиот производител „Subaru“ го постави амблемот „STI“ на два свои модели кои планира да ги претстави на саемот во Токио, кој започнува на 11-ти јануари. Засега, новите верзии на „Forester“ и „Impreza“ се само концепти, но се очекува барем еден од двата автомобила со додатокот „STI“ да се појави во сeриско производство.

Компанијата објави и фотографии на возилата, па за „Forester STI“ е избрана посебна боја – „Fighter Grey“, возилото е поставен на специјално направени за него 19-инчни бандажи. Исто така е познато дека кросоверот исто така има добиено моќен систем за сопирање – „Brembo“.

Сепак, нема информации за подобрувањата на моќниот агрегат. Компанијата вели дека хибридот „e-Boxer“ е „значително подобрен“, но не специфицира како. Стандардната верзија се состои од бензински мотор од 145 КС и електричен мотор од 14 КС. Најверојатно за „Forester STI“ моќноста ќе биде зголемена, а во „Subaru“ сакаат прво да ја видат реакцијата на публиката, а потоа евентуално да го пуштат овој автомобил во сериско производство.

Што се однесува до „Subaru Impreza STI“, ќе остане концепт кој ќе ги покаже способностите за подесување на компанијата. Тука работата е исцрпена со поставување на црни елементи на предниот браник и на праговите, како и на новите бандажи. Покривот е исто така обоен во црно.

Техничките промени вклучуваат нов издувен систем, додека 2,0-литарскиот „Boxer“ под хаубата останува со 156 КС, како негова стандардна моќност. Во кабината на „Impreza STI“ се користел подобар квалитет и, според тоа, поскапи материјали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП