9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДавид Луис за 45 милиони се сели во Париз

Давид Луис за 45 милиони се сели во Париз

C:UserslgomesDesktopdl0001.JPG

Раководството на Челзи и ПСЖ се договориле за трансферот на бразилскиот репрезентативец Давид Луис на „Паркот на принцовите “.

Според англиските медиуми францускиот шампион ќе плати 45 милиони фунти за 26-годишниот дефанзивец, а се очекува договорот да биде официјализиран по завршувањето на Купот на Конфедерации во Бразил.

Давид Луис во дресот на Челзи во англиската Премиер лига одигра 62 натпревари и постигна 6 гола, а пак за репрезентацијата на Бразил одигра 25 средби.

Се очекува менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо приходите од продажбата на Давид Луис да ги инвестира за доведување на уругвајскиот репрезентативец и голгетер на Наполи, Единсон Кавани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП