23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПолитичката сатира „Нема да платам“ последна премиера на „Театар комедија“ за 2018

Политичката сатира „Нема да платам“ последна премиера на „Театар комедија“ за 2018

„Театар комедија“ – Скопје ќе ја заокружи годината со премиерата „Нема да платам“ од Дарио Фо во режија на Александра Кардалевска.

Политичката сатира „Нема да платам“ на добитникот на Нобеловата награда за литература, италијанскиот драмски писател, сценарист, режисер, актер и борец за човекови права и еднаквост, Дарио Фо, ги пресликува реакциите на потрошувачите против зголемување на цените и е провокативна реакција против злоупотребите и неправдата на општеството.

Претпремиерата е закажана за денеска (26 декември), премиерата e на 27 декември, а репризата е на 22 јануари 2019.

Сценографијата за претставата е на Зоран Ѓурески, а костимографијата е на Маја Ѓуреска и Антонија Гунинска Јорданоска. Изборот на музика го изврши Александар Јорданов, а драматург е Дарко Јан Спасов.

Во последната премиера за годинава на НУ „Театар комедија“ играат: Атанас Атансовски, Валентин Костадиновски-Тино, Зорица Нушева, Жаклина Петровска и Александар Михајловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП