Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Концерт за 25 години уметничка кариера на дуото Кировски

Време: 10:49

Датум: декември 25, 2018

Категорија: КУЛТУРА

Со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија концерт ќе одржи камерното дуо Кировски – Љубиша Кировски, виолина и виола и Маја Шутевска – Кировска, пијано.

Концертот е во рамките на циклусот Pro Musica, во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ и со него дуото Кировски ќе одбележи 25 години уметничка кариера и присуство на домашната и меѓународната музичка сцена. На програмата се дела од Јоханес Брамс, Астор Пјацола, Бела Барток, како и дело од македонската композиторка Бете Илин.

Повеќе од две децении, уметничките и животните патишта на двајцата уметници им се вкрстуваат во еден ретко успешен сценски израз, во креативна уметничка сеанса во која и виолината и пијаното се надополнуваат со неверојатна компактибилност, категоризирајки го камерното дуо Кировски во супериорните камерни формации на македонската музичка сцена. Слични или идентични уметнички концепции и восприемање на музиката се фундамент на креативната сила на ова дуо, низ која блеснува необичен музички оптимизам, но пред сè студиозна анализа врз музичката материја. Финалето од таа самопрегорност, издржливост и исклучителна професионална поткованост се успешните концертни настапи од кои слушателската публика излегува задоволна и исполнета со музика. Двајцата резбари на виолината и пијаното квалитетно и адекватно го применуваат своето солидно едукативно студиско, послестудиско и концертно искуство, влегувајки низ ширум отворената музичка врата не само кај нас туку и во странство, а чиј праг го поминуваат само најдобрите и најуспешните.

Дуото Кировски е формирано во 1993 година. Оттогаш до денес има реализирано бројни настапи надвор од Македонија, меѓу кои во Хрватска (Загреб, Осиек, Риека и Пула), Србија (БЕЛЕФ во Белград, фестивал Нови Сад, Врњачка Бања, Подгорица), Полска (Варшава, Краков, Лоѓ), Италија (Трст, Фиренца), Швајцарија (Лозана), Турската Република Северен Кипар (Беледијеси Фестивал), Бугарија, Велика Британија (Лондон), САД (Њујорк), Германија и во Македонија на фестивалите „Охридско лето“, „Златна лира“, „Скопско лето“, „Хераклејски вечери“, „Есенски музички свечености“, Салонот 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје.

Во 1997 година дуото специјализира на Европската Моцарт академија во Варшава кај следните еминентни професори (Г. Такач, И. Роман, Г. Жислин Г Самољотов), а кај професорите Павел Гилилов и Пјер Амојал на Летната академија во Лозана се усовршувале за изведба на сонати за виолина и пијано, каде од професорите биле избрани меѓу трите најдобри дуа. Во 1998 година биле добитници на Специјалната награда на Ц.Е.И (Централно-европската иницијатива), на Меѓународниот натпревар за камерна музика Трио ди Триесте, Италија

Репертоарот на дуото опфаќа дела барокот до музиката на 20 век со над 50 сонати за виолина и пијано. Дуото посебно го негува македонското музичко творештво редовно изведувајќи дела од македонски композитори, од кои голем број дела се посветени на дуото. Во 2011 година имаат концерти во Њујорк, Лондон и Скопје со дела од македонски композитори посветени на дуото, а во 2012 премиерно го изведуваат двојниот цонцерт за виолина и пијано од Димитрије Бужаровски со Македонската филхармонија, кој е воедно и посветен на нив.

Во 1999 го сниммат својот прв компакт-диск во живо од фестивалот „Охридско лето“. Во 2004 година ја добиваат наградата „Златна лира“ за врвни уметнички достигнувања во 2003 година која ја доделува Сојузот на музички уметници на Македонија. Во 2005 година го реализираат својот втор компакт-диск во живо, на фестивалот „Есенски музички свечености“. Третиот троен компакт-диск излегува во 2010 година и содржи три концерти снимени во живо, од кои едниот е со дела од македонски композитори.

Во 2014 година дуото ја добива наградата „Виртуози“ за најдобар камерен ансамбл во Македонија за 2013 година во која го прославија 20-годишниот јубилеј. Во 2015 година ја добиваат наградата „Георги Божиков“, која ја доделува СОКОМ за континуирана изведба на дела од македонски композитори во 2014 година.Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Тромбонистот на Џејмс Браун – легендарниот Фред Весли доаѓа во Скопје

    Тромбонистот на Џејмс Браун – легендарниот Фред Весли доаѓа во Скопје

    На 26 март, со почеток во 20 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“ ќе одржи концерт култниот тромбонист Фред Весли заедно со неговата група под…

  • Изложба на Моника Десоска – Каргова „Живееме, танцуваме, тагуваме…“ во НЛБ Галерија

    Изложба на Моника Десоска – Каргова „Живееме, танцуваме, тагуваме…“ во НЛБ Галерија

    На 20 Март, 2019 година со почеток од 20:30 часот, во НЛБ Галерија (ул.Мајка Тереза 1, Скопје) ќе биде отворена изложбата „Живееме, танцуваме, тагуваме…“ на…

  • Балетската претстава „Ана Каренина“ повторно во МОБ

    Балетската претстава „Ана Каренина“ повторно во МОБ

    На барање на публиката, балетската претстава во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, повторно ќе биде изведена на…

  • „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе се прикажува во 28 држави

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе се прикажува во 28 држави

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска е распродаден за кино дистрибуција на 28 територии низ целиот свет По огромниот успех на…

  • Чествување по повод 90 години од раѓањето на Матеја Матевски

    Чествување по повод 90 години од раѓањето на Матеја Матевски

    Со изборот од поезијата „Дождови – 90 песни“ од Матеја Матевски, приредено од поетот Раде Силјан, денеска во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје,…

  • Објавени конечните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од културата за 2019

    Објавени конечните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од културата за 2019

    Министерството за култура соопшти дека на својата веб-страница ги објави финалните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2019 година…

  • Промовирано видео за евровизиската песна „Горда“

    Промовирано видео за евровизиската песна „Горда“

    Музичкото видео за песната „Горда“ (Proud) на Тамара Тодевска, македонски претставник за Евровизија во Израел, беше премиерно емитувано вечерва во централните вести на јавниот сервис.…

  • Тамара на „Евровизија“ ќе настапи под името Северна Македонија

    Тамара на „Евровизија“ ќе настапи под името Северна Македонија

    ЕБУ официјално потврди дека македонската претставничка Тамара Тодевска ќе настапи под името Северна Македонија на претстојниот „Евросонг“ во Тел Авив во мај. Во известувањето се…

  • Одржана работилница ,, Дигитализација на филмското наследство  – Етиката во конзервацијата на филмското наследство“ во организација на Управата за заштита на културното наследство

    Одржана работилница ,, Дигитализација на филмското наследство – Етиката во конзервацијата на филмското наследство“ во организација на Управата за заштита на културното наследство

    На 4 март 2019 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се одржа работилница на тема ,,Дигитализација на филмското наследство – Етиката во конзервацијата на…

  • Почина Кeит Флинт, фронтменот на “The Prodigy”

    Почина Кeит Флинт, фронтменот на “The Prodigy”

    Пејачот на групата “The Prodigy”, Кeит Флинт почина на возраст од 49 години, јавува “The Sun”. Веста за смртта на една од најголемите икони на…