17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Тоблеронe“ доби сертификат за пазарите во исламските земји, но рецептот не е...

„Тоблеронe“ доби сертификат за пазарите во исламските земји, но рецептот не е променет

Фабриката во Берн која го произведува популарното чоколадо во форма на триаголник годинава доби халал-сертификат.

Се чини дека 110 години стариот рецепт за „Тоблероне“ ги исполнува сите барања за овој сертификат, без да претрпи промени, иако што многумина стравуваа.

Инаку, халал значи дека целиот процес на производство е во согласност со исламските правила за прехранбени производи, односно дека производот не содржи свинско месо, маст или алкохол.

„Халал-етикетата ги информира луѓето кои поради децата, верски или други причини сакаат да знаат дека не може да консумираат одреден производ. Ова не значи дека производот или неговиот производител фаворизира одредена верска определба. Ништо не е променето во однос на рецептот или производниот процес на чоколадото“, соопштија од компанијата „Монделез“, која произведува „Тоблероне“.

Некои десничари во Германија го изразија својот гнев поради тоа што, како што кажале, несвесно со години го јаделе чоколадото, кое не е тоа што мислеле дека е.

Јорг Мутен, портпаролот на германската ултрадесничарска АФД, ги предупреди своите следбеници на „Фејсбук“ дека нивното омилено триаголно чоколадо сега е халал, со саркастичен коментар дека фабриката на дело ја покажала исламизацијата на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП