23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера: Porsche 718 T Boxster и Cayman (фото+видео)

Светска премиера: Porsche 718 T Boxster и Cayman (фото+видео)

„Porsche“ ги претстави новите верзии на „Boxster“ и „Cayman“, кои ќе ја заземат позицијата помеѓу стандардниот модел „718“ и „S“ верзијата на двата автомобила.

Двата модела, „718 Boxster T“ и „718 Cayman T“, опремени се со познатиот четирицилиндарски 2,0-литарски турбо бензинец кој испорачува 300 ks (220 kW) и 380 Nm максимален вртежен момент.

Моторот ќе биде поврзан со 6-брзински мануелен или изборен автоматски „PDK“ менувач, а максималната брзина на двете возила е 275 km/h.

И додека моторот е превземен од основната верзија „Porsche 718 Boxster“/„Cayman“, системот за суспензија е подобрен.

Двата нови модели се опремени со „Porsche Active Suspension Management“ технологија која овозможува навалување на растојанието од земја за 20 mm.

Покрај тоа, „Porsche 718 T Boxster“ и „Cayman“ имаат можност за заклучување на задниот диференцијал и системот „Torque Vectoring“ кој создава оптимален вртежен момент кој електронски се дистрибуира на секое од погонските тркала, во зависност од моменталната потреба за време на возењето.

Стилските разлики во однос на стандардниот „Porsche 718 Boxster“ и „Cayman“ се минимални и вклучуваат специфични 20 инчни алуминиумски бандажи во титаниум сива нијанса, црн спортски издув и ознаките „718 Boxster T“ и „718 Cayman T“ на надворешноста на возилото.

Во внатрешноста, тука е различниот спортски волан и црните спортски седишта со ознаките на моделот на наслоните за глава.

Слично како и кај „Porsche 911 T“, од кабината е отстранет мултимедијалниот систем, со цел автомобилот да биде полесен, но производителот може да го вгради овој уред бесплатно доколку купувачот го посакува тоа.

Двата нови модели веќе се достапни за нарачка по цена која во Германија започнува од 63.047 eвра зa „718 Cayman T“, oдносно 65.070 eвра зa „718 Boxster T“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП