27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромовиран првиот студиски албум на Викторија Лоба - „Нов свет“

Промовиран првиот студиски албум на Викторија Лоба – „Нов свет“

Викторија Лоба вчера во ресторанот „Four“ го промовираше својот прв студиски албум во две изданија македонска „Нов свет“, и англиска „New World“.

Во рамки на настанот Лоба и Марга Сол настапија со песните „Она вистинско“, „Девет работи“ “All the love“ и  „Нов свет“ кои се дел од новиот албум. Промоцијата помина во одлична атмосфера, а Марга Сол ги забавуваше гостите до самиот крај. На настанот се појавија голем број на градски фаци, меѓу кои Роберт Билбилов и Тајзи со кои Лоба има две соработки, односно дуети во рамки на албумот.

Наскоро ќе имаме можност повторно да ја слушнеме во живо и тоа на истата локација, ресторан „Four“, кадешто ќе настапува за Нова година.

Албумите „Нов свет“/“New World“ се снимани во M-Sol Records Studio, Just RB Studio и студио Јованови. Музички продуценти се Марга Сол и Роберт Билбилов. Викторија Лоба се појавува како текстописец на албумот, во кој на суптилен начин го раскажува сопствениот живот.

Албумите се достапни преку сите дигитални и стриминг сервиси. На онлајн продавницата на македонската издавачка куќа M-Sol Records (www.m-solrecords.com) албумите ќе можат да се купуваат дигитално и во ЦД формат, со достава низ Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП