7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПодетален поглед на Porsche Macan S (видео)

Подетален поглед на Porsche Macan S (видео)

Откако го промовираше „Macan S“ преку фотографии и детали за перформансите, „Porsche“ понуди и значително подобар увид во спортската верзија на редизајнираниот кросовер преку видео снимки.

За половина час колку што траат снимките поделени во четири сегменти низ боите „Mamba Green Metallic“, „Miami Blue“, „Dolomite Silver Metallic“ и „Crayon“ се покажуваат главните адути на автомобилот кој користи 3,8-литарски „V6“ турбо мотор позајмен од „Cayenne“.

Со 14 KS и 20 Nm повеќе од претходникот, новиот „Macan S“ забрзува подобро за една десетинка, па од место до 100 km/h стигнува за 5,1 секунди со максимална брзина од 254 km/h.

„Macan“ е „освежен“ и има современа шасија, подобрени сопирачки, модерен ентериер опремен со последните технолошки системи со 10,9-инчниот мултимедијален систем.

„Porsche“ ќе започне да го продава „Macan S“ на почетокот на летото следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП