29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdobe објави мешани резултати и ја ревидираше својата прогноза

Adobe објави мешани резултати и ја ревидираше својата прогноза

„Adobe“ ги објави финансиските резултати за четвртиот квартал и за фискалната 2018-та година. Како и обично, инвеститорот на „Photoshop“ изјави дека податоците ги демолираа корпоративните рекорди за квартални и годишни приходи, но дел од резултатите сепак се покажаа под очекувањата на „Wall Street“, пишува „ZDnet“.

Софтверскиот гигант објави нето профит од 678 милиони долари за четвртиот квартал, или 1,37 долари по акција. Профитот надвор од сметководствените стандарди достигна 1,83 долари по акција при приходи од 2,46 милијарди долари, што е за 23% повеќе во однос на истиот период од минатата година. „Wall Street“ очекуваше профит од 1,88 американски долари по акција и приходи од 2,43 милијарди долари.

Годишните резултати на „Adobe“ исто така останаа мешани. Компанијата објави дека нејзините приходи за периодот достигнаа 9,03 милијарди долари при добивка од 6,76 долари по акција во однос на прогнозите на аналитичарите односно за 8,99 милијарди долари и 6,82 долари по акција.

Ова е првиот финансиски извештај на „Adobe“ откако го купи „Marketo“ за 4,75 милијарди долари во октомври. Од „Adobe“ рекоа дека од купувањето заработила околу 21 милион долари во четвртиот квартал. „Adobe“ вообичаено разбива приходи за различните деловни единици, но овој пат обезбеди само метрика за раст на годишна основа.

Компанијата коментира дека приходите од „Digit Media“ единицата која го вклучува „Creative Cloud“, се зголемиле за 23 отсто во однос на минатата година, а оние од дигиталните искуства – со 25%.

„Во 2018-та година направивме значителни инвестиции во нашето портфолио на производи, навлеговме во нови пазари и направивме стратешки придобивки за кои верувам дека ќе го поттикнат нашето претставување“, коментира извршниот директор Шантану Нараиен.

Во однос на предвидувањата, „Adobe“ соопшти дека ја ревидира својата прогноза за да го вклучи купувањето на „Marketo“. Компанијата очекува 1.60 долари заработка по акција и 2.54 милијарди долари во првиот квартал. Аналитичарите очекуваат дека заработката по акција ќе изнесува околу 1,88 долари, а заработка од 2,52 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП