27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои нови модели се најбезбедни според EuroNCAP? (видео)

Кои нови модели се најбезбедни според EuroNCAP? (видео)

Независната европска огранизација за проверка на безбедноста кај автомобилите (EuroNCAP) и во 2018-та тестираше голем број нови модели кои се појавија во продажба на Стариот континент, а сега се прогласени и најдобрите во четири категории

Во сегментот „мали семејни возила“ најбезбеден е новиот „Mercedes A Сlasѕ“.

Со максимални 5 ѕвезди колку што доби на „EuroNCAP“ тестовите, овој автомобил имаше и многу големи оценки во сите 5 категории за тестирање: 96% во областа на заштита на возрасните патници, 91% во областа на безбедноста на децата кои се возат во автомобилот, 91% зa заштита на пешаците и 75% во областа на електронските системи за асистенција на возачот.

Победникот во класата „големи семејни возила“ е „Lexus ES“. Моделот исто така е оценет со 5 ѕвезди, а оваа луксузна лимузина го забележа следниот резултат: 91% (возрасни патници), 87% (деца-патници), 90% (пешаци) и 77% (системи за асистенција).

За прв пат, „EuroNCAP“ го додели признанието и за „најбезбеден елеткрифициран модел“ (електричен или хибрид автомобил). И во оваа класа доминираше „Lexus ES“, во хибридната верзија „300h“.

Меѓу големите „SUV“ модели кои „EuroNCAP“ ги тестираше во 2018-та, на полето на безбедноста доминираше „Hyundai Nexo“, автомобил кој за погон користи водородни горливи ќелии.

Ова возило на корејскиот производител имаше резултат: 94% (возрасни патници), 87% (деца-патници), 67% (пешаци) и 80% (системи за асистенции), со што доби 5 ѕвезди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП