25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот хиперспортски Pinifarina ќе се вика Battista и ќе биде побрз од...

Електричниот хиперспортски Pinifarina ќе се вика Battista и ќе биде побрз од F1

Италијанското дизајнерско студио „Pininfarina“, кое полека се пробива на пазарот на електрични суперавтомобили, го откри името на својот нов модел кој досега ја имаше кодната ознака „PF0“.

Новиот спортски автомобил ќе се нарекува „Battista“ по основачот на компанија – Батисти „Пинин“ Фарини.

Светската премиера на овој електричен модел е закажана за март 2019-та година на саемот во Женева, додека првите примероци ќе бидат испорачани во 2020-та, во годината кога познатата дизајнерска куќа „Carrozzeria Pininfarina“ го слави 90-тиот роденден.

„Pinifarina Battista“, според зборовите на неговите дизајнери ќе биде „најбрзиот и најмоќниот“ автомобил кој досега е дизајниран и произведен во Италија“.

Иако ова изгледа како многу храбра изјава, со оглед дека Италија е татковина на такви авто-врендови, како што се „Ferrari“, „Lamborghini“, „Maserati“ и „Pagani“, првите спецификации говорат во прилог на тврдењето на луѓето од „Pininfarinа“.

Моделот „Battista“, кој ќе користи електричен погонски системод хрватската компанија „Rimac“, располага со дури 1.926 коњски сили и ќе има максимален вртежен момент од 2.300 Nm.

Од „Pinifarina“ наведуваат дека „Battista“ има потенцијал од 0 до 100 km/h да забрза за помалку од 2 секунди (побрзо од болид во Формула 1) и да ја надмине максималната брзина од 400 km/h.

Компанијата тврди и дека овој автомобил ќе има автономија на возење од преку 480 km со полни батерии.

Каросеријата е од јаглеродни влакна и ќе се изработува во седиштето на компанијата „Pinifarina“, во местото Камбијано во близина на Торино.

Во план е ограничена серија од 150 автомобили – 50 се наменети за Европа, 50 примероци за САД, а останатите 50 возила за Блискиот исток и остатокот од Азија. Се проценува дека цената на моделот „Battista“ ќе изнесува помеѓу 2 и 2,5 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП