25 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 10.12.2018 до 16.12.2018

Неделен хороскоп 10.12.2018 до 16.12.2018

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

РАБОТА: Не сте задоволни со работата. Имате чувство дека сте презаситени, па само рутински ги обавувате задачите. Размислете да направите некаква промена.

ЉУБОВ: Оваа недела е поволна за љубов. Слободните ќе имаат прилика да запознаат некого, а зафатените ќе бидат во хармонија.

ЗДРАВЈЕ: Можна е појава на алергија.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

РАБОТА: Пред Вас стои поволна работна недела без оглед дали работите сами за себе или за некој друг. Ќе потигнете успех.

ЉУБОВ: И во љубовта ситуацијата може да биде поволна доколку не се инаетите со партнерот. Не се однесувајте како дете, седнете и разговарајте.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

РАБОТА: Можеби ќе морате да заминете на краток деловен пат. Бидете подготвени на тоа. Од тоа патување ќе произлезе и вашето напредување.

ЉУБОВ: Слободните Близнаци ќе го запознаат потенцијалниот партнер. Зафатените би можеле да подготват убаво изненадување за саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Поминувајте повеќе време во природа, на чист воздух.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

РАБОТА: За да го постигнете она што сте го зацртале ќе морате прекувремено да останувате на работа, а бидејќи за напредокот ви претстои награда, направете го тоа.

ЉУБОВ: Внесете нова доза на романтика во вашата врска. Не се преоптеретувајте само со финансиите, дозволете си нешто слатко заедно со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можна е мала настинка.

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

РАБОТА: Работата оваа недела ќе биде под контрола, нема да имате зголемен број на обврски, па лесно ќе ги завршувате работните денови.

ЉУБОВ: Оваа недела ќе бидете особено шармантни и друштвени, па така ќе привлечете голем број на додворувачи.

ЗДРАВЈЕ: Можна е постојана главоболка.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

РАБОТА: Пред вас е успешна работна недела. Можен е некој јавен настап или пофалба како и награда за вашиот труд.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, ситуацијата генерално е поволна. Некои ситници кои ќе предизвикаат кавга, лесно ќе ги надминете.

ЗДРАВЈЕ: Можна е вирусна инфекција.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

РАБОТА: Во последниот период бевте многу вредни и буквално предадени на работата. Тој труд конечно ќе ви се исплати.

ЉУБОВ: Се ќе биде стабилно кај зафатените. Оние кои се слободни ќе запознаат личност која вистински ќе допре до нив.

ЗДРАВЈЕ: Одлично се чувствувате.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

РАБОТА: Оваа недела нема да бидат забележани промени на работен план. Вие вредни како и секогаш ќе ги извршите сите зададени задачи.

ЉУБОВ: Слободните треба паметно да ја искористат оваа недела и да се поврзат со личноста која одамна им се допаѓа. Оние во врска или брак ќе имаат стабилна недела.

ЗДРАВЈЕ: Без проблеми, сепак внимавајте на исхраната.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

РАБОТА: На вас ќе ви бидат неопходни пари. Поради тоа ќе бидете под голем стрес. Нема потреба од грижи, разговарајте со партнерот за вашата финансиска ситуација.

ЉУБОВ: Оние кои се во брак или врска ќе имаат стабилна и плодна недела. Оние кои се сами ќе имаат неколку шанси, дали ќе ги искористат ќе зависи исклучиво од нив.

ЗДРАВЈЕ: Обрнете внимание на дигестивниот тракт

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

РАБОТА: Малку понапорна работна недела, затоа не седете и не размислувајте, туку фатете се за работа.

ЉУБОВ: Слободните ќе имаат шанса да запознаат многу привлечно лице, оние во врска или брак ќе имаат мали кавги.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со коските.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

РАБОТА: Ќе ги оптоварувате вашите колеги со небитни нешта. Немојте да досадувате, некои проблеми треба да ги решите сами.

ЉУБОВ: Слободните ќе уживаат во излегувањата и дружбите со многу луѓе, оние во врска или брак ќе направат се за нивниот партнер да биде среќен.

ЗДРАВЈЕ: Посетете стоматолог.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

РАБОТА: Рибите можат да очекуваат значителен паричен приход. Искористете ги тие пари за нешто паметно.

ЉУБОВ: Можно е да ви пријде некоја личност од работното место, бидете внимателни пред да одлучите дали да стапите во врска. Зафатените постојано ќе се надитруваат со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грбот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП