3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMонако дава 60 милиони за Боатенг и Ел Шарави

Mонако дава 60 милиони за Боатенг и Ел Шарави

boateng-el-shaarawy_w484

Амбициозниот тим на Монако и понудил на екипата на Милан 60 милиони евра за да го купи двоецот Стефан Ел Шарави и Кевин-Принс Боатенг, тврдат медиумите во Италија.

„Кнезовите“ се многу сериозни во правењето на екипата за следната сезона, па нивниот сопственик не жали средства при доведувањето на нови играчи. По неколкуте скапи засилувања раководството на Монако го сврте своето внимание кон најдобрите двајца играчи на „росонерите“.

Сепак останува да се види како луѓето од Милан ќе одговорат на оваа понуда, поради тоа што потпретседателот Адријано Галијани потврди дека „малиот фараон“ не е за продавање, откако за него интерес покажаа Манчестер Сити и Арсенал.

Минатото лето сличен двоен трансфер направи друг тим од Лига 1 – Парис Сен Жермен за 65 милиони евра ги купи поранешните ѕвезди на „росонерите“, Златан Ибрахимовиќ и Тиаго Силва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП