24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФинална вечер на „Таксират“

Финална вечер на „Таксират“

Во Скопје ќе се одржи финалната вечер на „Таксират“, фестивал што го слави својот 20. јубилеј, и тоа за првпат во Арена „Борис Трајковски“, целосно трансформирана за да ги пречека над 10-те славни музички имиња на дури три бини и со илјадници посетители.

Влезот за посетителите ќе биде отворен во 19 часот, а почетокот на маратонската 8-часовна музичка програма е закажан во 20 часот.

На главната бина на „Таксират“ за првпат македонската публика ќе има можност да ги погледне настапите на eден од најпосакуваните бендови на современата сцена, шведската инди-рок група MANDO DIAO и легендарниот австралиски drum’n’bass феномен PENDULUM, кој доаѓа со својот фуриозен диџејски сет.

Покрај нив, светски концерт каков што не сме навикнати да очекуваме од македонски изведувачи подготвуваат нашите металкор легенди SMUT, а главната бина ќе ги пречека и славните изведувачи познати по своите незаборавни настапи NOUVELLE VAGUE, „Дубиоза колектив“, THERAPY и „Културно-уметнички работници“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП