25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen разви супер-чист дизел

Volkswagen разви супер-чист дизел

„Volkswagen“ најде оригинален начин за намалување на штетните гасови кај своите автомобили. Паралелно со развојот на електрични возила и хибриди, германскиот производител разви сопствено дизел гориво и планира да започне да го продава.

Новото гориво се вика „R33 BlueDiesel“ и беше развиено од инженерите на „Volkswagen“ заедно со експертите од Универзитетот во Кобург. Како што објави „Auto Evolution“, ова не е нова технологија, бидејќи таа се заснова на идејата за биогоривата предложена од страна на „Neste“пред 10 години.

Сепак, од „Volkswagen“ велат дека тие значително ги подобриле перформансите на новото гориво, а минатата година го тестирале на голем број модели на германскиот концерн. За време на тестовите, возилата со „R33“ оствариле 20% помали емисии во споредба со стандардните дизел возила.

Како дел од проектот, бензинска пумпа за новото гориво била изградена во седиштето на компанијата во Волфсбург, а во фабриката во Салцбург се извршени целосни процедури за испитување. „Volkswagen“ веќе има измислено име за својот нов дизел – „Green Premium“, и е убеден дека ќе може да влезе на пазарите во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП