Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Пешаците се активни учесници во сообраќајот кои мора да ги почитуваат сообраќајните правила – „Без Изговори!“

Време: 11:00

Датум: декември 4, 2018

Категорија: АВТОБИЗ

Дали знаете која е најголемата и најактивната група учесници во сообраќајот? Доколку не го знаете одговорот, тој е – пешаците. Во рамките на секојдневните активности, секој човек, покрај со автобус, автомобил, мотор, велосипед, секојдневно и најчесто, во сообраќајот е вклучен во улога на пешак. Наутро до продавница по леб, до комшии, до училиште; од кола, преку пешачки, на работа…

Како активни учесници во сообраќајот, пешаците мора да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, исто и како кога учествуваат во сообвраќајот во улога на возачи, мотоциклисти и велосипедисти. За жал, искуствата покажуваат, голем дел од пешаците не се свесни за фактот дека и тие се активни учесници во сообраќајот, па сликата на улиците, од прилика изгледа вака: улицата се преминува надвор од пешачки премини, најчесто таму каде што ним најмногу ѝм одговара, каде што ѝм е најкраток патот, го претрчуваат коловозот иако го сочинуваат две, па и три ленти, прескокнуваат жардиниери и огради, претрчуваат на црвен пешачки семафор итн.

Но, не претрчуваат сите. Има и такви кои се движат бавно, со слушалки на уво, без да гледат лево десно и без да слушаат што се случува во сообраќајот. За некои, пешачкиот премин е модна писта, за некои, место за добар разговор ако случајно се сретне стар познаник. За некои, движењето помеѓу возилата и помеѓу двете коловозни ленти претставува обична рутина со која вешто се справуваат.

„Секакви луѓе со секакви навики“, но мал е бројот на тие кои ги почитуваат правилата и прописите, кога се движат по тротоарите и преминуваат преку улиците.

Фактите велат дека пешаците се најмалку казнувани и најмалку контролирани учесници во сообраќајот. Нивното однесување е препуштено на личната одговорност, свест и совест, како и на нивната сообраќајна култура.

Статистиката вели дека:

  • Во 2018 година, заклучно до месец септември, повредени се 626 пешаци, а загинале 17 пешаци,
  • Во 2017 година, 914 пешаци биле повредени, а 34 загинале,
  • Во 2017 година, на возраст над 65 години, загинале 17 пешаци.

Пешаците најчесто страдаат во сообраќајни незгоди во услови на намалена видливост (магла), во раните утрински и во доцните вечерни часови, на неосветлени коловози или на неосветлени пешачки премини.

Анализите покажуваат дека бројот на пешаци кои страдаат во сообраќајни незгоди случени токму на пешачки премин е многу голем. Од една страна, има многу неодговорни возачи кои не ги почитуваат, ниту пешаците, ниту сообраќајните правила и прописи, но има и многу пешаци кои, исто така, неодговорно учествуваат во сообраќајот.

Она за што РСБСП апелира до возачите е дека нивна обврска е секогаш да се движат со особено внимание кога се приближуваат кон пешачки премин, да ја намалат брзината, да застанат и да ги пропуштат пешаците на пешачкиот премин. Но, тоа никако не значи дека пешаците имаат апсолутно право први да ја преминат улицата. Напротив, тие се должни да ја преминат улицата, откако ќе се уверат дека тоа може да го направат без да го загрозат својот живот, но и безбедноста и животот на возачите кои им доаѓаат во пресрет. Пешаците треба да бидат сто проценти сигурни дека возилото што наидува на нив, може навреме и безбедно да застане, за тие да ја преминат улицата.

Обостраното непочитување на ова правило, е причина број еден за сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаците.

Црната статистика загрижува, загрижува тоа што секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаци, загрижува фактот дека околу 25% од вкупниот број жртви во сообраќајни незгоди се пешаци.

Затоа, без изговори! Пешакот е активен учесник во сообраќајот. Почитувај ги сообраќајните правила и прописи, затоа што само тоа може да те заштити. Ниту еден изговор, ниту едно оправдување за непромислено однесување во сообраќајот, нема да ја промени црната статистика – потсетуваат од РСБСП.

Да, истото важи и за возачите. Без изговори, без оправдувања! Внимавајте на пешаците во сообраќајот. Така наложува Законот, така е хумано, така е етички – така е единствено исправно.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Новиот Nissan Juke ќе пристигне дури во текот на летото 2019-та?

    Новиот Nissan Juke ќе пристигне дури во текот на летото 2019-та?

    Иако првично се очекуваше новата генерација на моделот „Juke“ да биде претставена во текот на есента оваа година, премиерата на ова возило најверојатно ќе се…

  • McLaren претстави конкурент на Ferrari 488 Spider (фото+видео)

    McLaren претстави конкурент на Ferrari 488 Spider (фото+видео)

    Британскиот производител на суперспортски автомобили ги објави фотографиите и техничките детали од кабриолет верзијата на моделот „720S“. „McLaren 720S Spider“ го користи истиот 4.0-литарски „twin-turbo…

  • Кросоверот X8 станува најскапиот автомобил на BMW

    Кросоверот X8 станува најскапиот автомобил на BMW

    Гласините за „BMW X8“ започнаа пред баварците да го претстават својот сериски предводник, моделот „X7“. Според изданието „BMW Blog“, идејата за пуштање на пазарот на…

  • Nissan пушта на пазарот автомобил од еден милион евра (фото+видео)

    Nissan пушта на пазарот автомобил од еден милион евра (фото+видео)

    Јапонскиот производител „Nissan“ ја претстави сериската верзија на супер-автомобилот „GT-R50“, развиена заедно со студиото „Italdesign“. Компанијата веќе ги прима нарачките за возилото, кое чини 990.000…

  • Корисни совети за зимско патување

    Корисни совети за зимско патување

    По долгата и топла есен, метеоролозите за наредниот период најавуваат пад на температурите, постудено време, снег на повисоките места и „конечно“ вистински почеток на зимата.…

  • Светска премиера на  Skoda Scala (фото+видео)

    Светска премиера на  Skoda Scala (фото+видео)

    Компанијата „Skoda“ го претстави својот нов хечбек од класата на „Golf“ – „Scala“ кој ќе го заземе местото на „Rapid“ во палетата на брендот. Премиерата…

  • 5-те најскапи автомобили во историјата на Porsche (ВИДЕО)

    5-те најскапи автомобили во историјата на Porsche (ВИДЕО)

    „Porsche“ објави видео кое кажува за најскапите автомобили на брендот што некогаш биле продадени на аукција. Во листата влегуваат учесникот од сериите „Can-Am“ – „Porsche…

  • Дали AMG A35 е подобар од Audi RS3, Golf GTI, Focus RS? (видео)

    Дали AMG A35 е подобар од Audi RS3, Golf GTI, Focus RS? (видео)

    „Mercedes“ во септмвриго претстави најмалиот „AMG“ проект хот-хечбекот „A35“ кој ќе се натпреварува на пазарот со владетелите во оваа класа – „Volkswagen Golf GTI“ и…

  • Tesla како никогаш досега

    Tesla како никогаш досега

    Американскиот произоводител успеа во една календарска година да продаде во САД преку 100.000 примероци од своето најевтино електрично возило – „Model 3“, резултат до кој…

  • Volkswagen разви супер-чист дизел

    Volkswagen разви супер-чист дизел

    „Volkswagen“ најде оригинален начин за намалување на штетните гасови кај своите автомобили. Паралелно со развојот на електрични возила и хибриди, германскиот производител разви сопствено дизел…