1 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајк на работниците во Амазон

Штрајк на работниците во Амазон

Работниците во логистичките центри на Амазон во Германија и Шпанија штрајкуваа, напуштајќи ги работните места за време на ,,црниот петок”.

Од Амазон во Германија соопштија дека околу 620 работници учествувале во протестите во нивните објекти во Бед Херсфелд и Рајнберг, но дека повеќето работници останале на своите работни места, со што немало никакво влијание врз нарачките на купувачите.

Германскиот синдикат Верди во секторот услуги ги повика работниците на Амазон да штрајкуваат 24 часа барајќи подобри плати и договори за работа со кои се гарантираат добри работни услови.

Амазон Германија соопшти дека на вработените во компанијата им нуди конкурентски плати и бенефиции уште од првиот ден на вработувањето. Вработените во Амазон во Германија заработуваат почетна плата од 10,78 евра на час, а по две години во просек земаат месечна плата од 2,4 илјади евра.

И работниците во најголемото складиште на Амазон во Шпанија ги напуштија работните места, а штрајкот ќе продолжи и понатаму. Синдикатите соопштија дека во штрајкот учествуваат меѓу 85 и 90 отсто од вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП