24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов владетел на патеката - Lamborghini Urus ST-X Concept (фото)

Нов владетел на патеката – Lamborghini Urus ST-X Concept (фото)

Одделението на „Lamborghini“ за мотоспорт „Squadra Corsa“ откри тркачка верзија на „SUV“ моделот „Urus“ под ознаката „ST-X Concept“.

„Urus ST-X Concept“ е направен исклучиво за трки, базиран на продукциската верзија опремен со безбедносни елементи одобрени од страна на Светската автомобилска федерација (FIA).

Oвој моќен „SUV“ има хауба од јаглеродни влакна и поголеми отвори за воздух со цел полесно ладење на „twin-turbo V8“ агрегатот. Моќта е иста – 650 KS и 850 Nm, но „ST-X Concept“ е 25% полесен до продукциската верзија на „Urus“.

Тука е задното крило, шестоаголниот тркачки ауспух и комплетот од 21-инчни алуминиумски бандажи со „Pirelli“ гуми.

„Lamborghini“ не го направи „Urus ST-X Concept“ само за покажување, туку веќе планира модел за трки кои комбинираат тракање на патека и терен, а која ќе биде резервирана само за „Lamborghini“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП