30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFisker потроши 1.4 милијарди долари

Fisker потроши 1.4 милијарди долари

karma

Kомпанијата „Fisker“ покажа дека за успехот во автомобилската индустрија не е доволна само добра идеа и финансиер. Според податоците во текот на петгодишниот развој и производството на моделот „Karma“ биле вложени 1.4 милијарди долари, но сепак на крајот „Fisker“ се најде пред банкрот.

По престанокот на производството, отпуштањето на скоро сите работници и фијаското на компанијата се појавија нови информации за работењето на „Fisker“. Според нив раководството на компанијата своевремено измамиле група на приватни инвеститори кои тогаш во „Fisker“ вложиле 525 милиони долари.

Со цел да ги убедат да инвестираат во производството на моделот „Karma“ тие го скриле фактот дека од 529 милиони долари кредит кој на почетокот им го одобри американската влада на „Fisker“ им било дозволено да искористат само 192 милиони. Покрај тоа раководството на компанијата на инвеститорите им претставиле оптимистички планови за производството и продажбата кои никогаш не биле реализирани.

Иако проектот започна уште во 2007-та година, бројните измени во дизајнот и конструкцијата на автомобилот доведоа до одлагање на почетокот на производството. „Fisker“ неуспеа да оствари профит на моделот „Karma“. Како што се покажа подоцна од 2011-та до 2012-та година беа произведени само 2.450 примероци од ова возило.

Еден од поранешните раководители на компанијата изјави дека трошоците за производство на „Karmа“ биле толку големи што малопродажната цена која се движела околу 100.000 долари неможела да ги покрие , додека реалната пазарна цена би била превисока и би ги одбила потенцијалните купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП