24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба „50 години светска галерија на карикатури (1969-2019)“

Изложба „50 години светска галерија на карикатури (1969-2019)“

На 22 ноември (четврток), во 19 часот, во Националната галерија на Македонија Чифте амам Скопје, ќе биде отворена ретроспективна изложба „50 години светска галерија на карикатури (1969-2019)“, како и изложба на 270 селектирани меѓународни уметници од „Остен биеналето на цртеж Скопје 2018“.

На настанот ќе бидат врачени награди и признанија на наградени уметници, карикатуристи и соработници на „Остен“.

Настанот е под покровителство на премиерот Зоран Заев и тој ќе ја отвори изложбата. На отворањето ќе присуствуваат и уметници и карикатуристи од целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП