3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХартс заминува во стечај

Хартс заминува во стечај

hearts

Шкотскиот фудбалски клуб Хартс официјално објави  дека имаат во план да заминат во стечај. Тимот веќе потврди дека на продажба се сите расположливи играчи, но од федерацијата добија забрана да потпишуваат со нови.

„ Хартс може да потврди дека сака да влезе во стечај. Предлогот е поднесен официјално во судот во Единбург“, се вели во соопштението на клубот.

Тимот кој е во сопственост на литванскиот бизнисмен Владимир Романов се соочува со сериозни финансиски тешкотии во последниве месеци и има акумулирани долгови од 25 милиони фунти.

Раководството на Хартс ќе ги продаде сите свои фудбалери во обид да собере барем дел од долгот во период во кој нема приходи од домашните натпревари. Клубот нема право да потпишува со нови играчи, бидејќи има неподмирени исплати на плати кон сегашните играчи.

Ова е втор ваков случај со шкотски тим, откако минатата година Ренџерс прогласи банкрот. Тимот беше префрлен во четвртата дивизија, сепак за една година успеаа да влезе во третата лига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП