18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОнлајн продажбата ги зголеми резултатите на Macy's

Онлајн продажбата ги зголеми резултатите на Macy’s

„Macy’s“ објави квартален профит што ги надмина очекувањата на аналитичарите и потенцираше дека со силната дигитална продажба ги зголемила своите резултати. Во исто време, трговецот продолжува да инвестира за да ги подобри своите продавници, објави „CNBC“.

Покрај тоа, малопродажниот синџир ја зголеми годишната прогноза за профитот, поради тоа што очекува силен квартал поради претстојните празници.

Акциите на компанијата пораснаа за 4,5% пред почетокот на тргувањето, благодарение на вестите, но потоа се намалија за помалку од 1%.

Според „Refinitiv“, приходите се малку под очекувањата – 5,40 милијарди долари, со прогноза од 5,41 милијарди долари.

Приходите од продажба во продавници отворени најмалку една година се зголемија за 3,3 отсто, во споредба со очекуваниот раст од 2,8 отсто.

„Ние сме подготвени за четвртиот квартал“, изјави главниот извршен директор Џеф Генет.

„Macy’s“ забележа нето добивка од 62 милиони долари за третиот квартал, или 20 центи по акција, од 30 милиони долари, или 10 центи по акција, од пред една година. Ако се исклучат еднократните ставки, „Macy’s“ заработила 27 центи по акција при прогноза на аналитичарите за 14 центи по акција, анкетирани од „Refinitiv“.

Нето приходите од продажбата се зголемија на 5,40 милијарди долари од 5,28 милијарди долари во претходната година. Компанијата соопшти дека нејзината дигитална продажба скокнала двоцифрено.

За целата година „Macy’s“ очекува заработка по акција меѓу 4,10 и 4,30 долари во однос на претходната прогноза од 3,95 до 4,15 долари по акција. Компанијата тврди дека приходите од продажба од нејзините продавници отворени од најмалку една година, ќе се зголемат за 2,5 отсто, а нето продажбата ќе се зголеми за околу 0,7% во фискалната 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП