28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледнете како се прави Nissan GT-R50 (видео)

Погледнете како се прави Nissan GT-R50 (видео)

На „YouTube“ каналот на италијанското студио „Italdesign“ се појави видео кое го покажува процесот на создавање на единствениот суперавтомобил „Nissan GT-R50“, создаден во чест на 50-годишнината на компанијата и на самиот модел.

Видеото не само што го покажува процесот на изработка, туку и вработените на „Italdesign“ кои рачно го прават оригиналниот суперавтомобил, при што ја раскажуваат својата работа. Како што се знае, надворешноста на јубилејниот „Nissan GT-R50“ е создаден во дизајнерските центри на јапонската марка, а активностите на италијанците се поврзани само со составувањето.

Специјалниот „Nissan GT-R50“ е изграден врз основа на модификацијата на „Nismo“. Но овој модел стана подолг и поширок, како и малку понизок. Променети се панелите на каросериајта, се поставени нови фарови, оригинални дискови и активен заден спојлер. Радикално редизајнираниот ентериер има карбон, црна кожа и „Alcantara“. Автомобилот е обоен во сивата боја „Liquid Kinetic Gray“, а некои елементи во јубилејната златна нијанса „Energetic Sigma Gold“.

3.8-литарскиот V6 мотор, кој развива 600 „коњи“, стана уште помоќен – 720 КС и 780 Nm максимален вртежен момент. Инсталирани се нови турбополначи и интеркулер, сменети се коленестото вратило, клиповите и многу други делови.

„Nissan GT-R50“ е прототип, но „Nissan“ и „Italdesign“ ја разгледуваат можност за ограничено производство на возилно – но не повеќе од 50 примероци, од кои секој ќе чини околу 900.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП