6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQatar Holding ги продаде акциите во Porsche

Qatar Holding ги продаде акциите во Porsche

porsche display

„Qatar Holding“ е инвестициска гранка на катарскиот фонд за стабилизација и е акционер во некои од најголемите компании во светот. Денеска тие објавија дека ги продале своите акции кои ги имале во „Porsche“ на семејствата „Porsche“ и „Piech“, но не ја соопштија вредноста на трансакцијата.

„Трансакцијата е логичен чекор откако „Volkswagen“ и „Porsche“ одлучија во 2012-та година да се спојат во една групација“, стои во соопштението на „Qatar Holding“.

Според информациите Катарците ќе останат во сопственичката структура  во групацијата која ги опфаќа „Volkswagen“ и „Porsche“, поради тоа што тие имаат удел од 17 процент во „VW“.

„Porsche“ беше приндуден да продаде 10 проценти акционерски удел со право на глас на „Qatar Holding“ во 2009-та година се со цел да се зајакнат финансиски. Со тоа странци за прв пат во историјата на „Porsche“ стекнаа право да влијаат во работењето на групата која инаку ја контролираат семејствата основачи.

Холдинг компанијата на „Porsche“ која е две семејства и натаму имаат 51 процент од акциите што значи дека спаѓаат меѓу трите големи акционери со контрола на овластувањата во германската автомобилска групација.

Сепак „VW“ е сопственик на целото работење на „Porsche“, во кои спаѓаат одделенијата кои ги произведуваат моделите како познатиот спортски автомобил 911 и спортскиот теренец „Cayenne“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП