Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Почитувањето на сообраќајната сигнализација не е право на избор!

Време: 11:04

Датум: ноември 6, 2018

Категорија: АВТОБИЗ

Сите ние секојдневно и директно учествуваме и сме дел од сообраќајот. Сведочиме за голем број негативни примери на непрописно и опасно учество во сообраќајот, непочитување на сообраќајните правила и прописи, непочитување на поставената сообраќајна сигнализација, ниско ниво на култура, етика, толеранција и ниско ниво на меѓусебно почитување кај учесниците во сообраќајот.

Ваквата состојба резултира со голем број сообраќајни незгоди и голем број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

Фактот што загрижува е непочитување на поставената сообраќајна сигнализација. Ова постепено прераснува во секојдневна лоша навика, непишано правило за кое сите имаат свое лично оправдување и изговор. Лесно се заборава дека почитувањето на сообраќајната сигнализација, почитувањето на сообраќајните правила и прописи и почитувањето на сообраќајните знаци, не е право на избор, туку законска, морална и етичка одговорност на секој учесник во сообраќајот, без разлика дали учествува во сообраќајот како пешак, велосипедист, мотоциклист или како возач на моторно возило.

Анкетите на РСБСП покажуваат дека околу 50% од возачите, не секогаш ги почитуваат сообраќајните знаци и поставената сообраќајна сигнализација.

Сообраќајните знаци се азбуката на сообраќајот, а сообраќајните правила се основниот начин за комуниукација и разбирање меѓу учесниците во сообраќајот. Секое непочитување на сообраќајните знаци, односно непочитување на поставената сообраќајна сигнализација, значи  сообраќаен метеж, хаос во сообраќајот, сообраќајна незгода со материјална штета или незгода со загинати и повредени лица.

Учесниците во сообраќајот се должни да постапуваат во согласност со прописите и правилата што важат во сообраќајот, во согласност со сообраќајната сигнализација поставена на патот, во согласност со сообраќајните знаци и во согласност со наредбите што ги даваат полициските службеници.

Учесниците во сообраќајот се должни да се придржуваат кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со сообраќајни знаци.

Ова се основните одредби на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата што треба да ги почитува секој учесник во сообраќајот, а гарантираат минимум прифатливо ниво на безбедност во сообраќајот.

Безбедноста во сообраќајот е сериозна работа и ниедна импровизација, изговор или оправдување не може да ги надомести последиците. Последиците од сообраќајните незгоди, пак, не дозволуваат таква „комоција“ и такво ноншалантно однесување за да не се почитуваат сообраќајните правила и сообраќајната сигнализација.

Затоа, РСБСП го повикува секој учесник во сообраќајот, да не бара изговори, објаснувања или  оправдувања бидејќи едноставно не постојат. Секој учесник во сообраќајот има право безбедно да се движи и има обврска да придонесува за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Без изговори! Без оправдувања! Максимално почитувај ја поставената сообраќајна сигнализација, секогаш и секаде! Биди одговорен учесник во сообраќајот!

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Subaru го покажа својот прв plug-in хибрид (фото+видео)

    Subaru го покажа својот прв plug-in хибрид (фото+видео)

    Јапонската компанија „Subaru“ во САД го откажа својот прв „plug-in“ хибрид, врз основа на моделот „Crosstrek“. Под тоа име постои кросоверот „ХV“, што во суштина…

  • Британци претставија електричен Mustang (фото+видео)

    Британци претставија електричен Mustang (фото+видео)

    Британската компанија „Charge Automotive“ ќе издаде ограничена серија на класичен „Ford Mustang“ на електрична енергија. Основата на моделите ќе биде официјално лиценцираните фастбек или кабриолет.…

  • Без изговори! Правилата во сообраќајот важат и за мотоциклистите

    Без изговори! Правилата во сообраќајот важат и за мотоциклистите

    Иако според могумина веќе е крај на сезоната за мотоциклисти, сепак РСБСП во рамките на кампањата „Без изговори“ посебно внимание посветува на мотоциклистите како ризична…

  • Нов владетел на патеката – Lamborghini Urus ST-X Concept (фото)

    Нов владетел на патеката – Lamborghini Urus ST-X Concept (фото)

    Одделението на „Lamborghini“ за мотоспорт „Squadra Corsa“ откри тркачка верзија на „SUV“ моделот „Urus“ под ознаката „ST-X Concept“. „Urus ST-X Concept“ е направен исклучиво за…

  • VW час за „иднината“ – како да направите е-автомобил? (видео)

    VW час за „иднината“ – како да направите е-автомобил? (видео)

    Германски „Volkswagen“ се опорави од скандалот „Дизелгејт“, а сега со крупни чекори се движи кон доминација на пазарот на електрични возила (EV). „VW“ речиси целиот…

  • Новиот кросовер на Skoda ќе се вика Kosmiq

    Новиот кросовер на Skoda ќе се вика Kosmiq

    Чешкиот производител „Skoda“ го регистрирал трговското име „Kosmiq“. Засега, компанијата не кажува кој модел ќе го добие ова име, но според досегашните информации, тоа ќе…

  • Новиот BMW Series 3 стана хибрид (фото)

    Новиот BMW Series 3 стана хибрид (фото)

    „BMW“ ја претстави следната модификација на „Series 3“. Се напојува со хибридна единица, вклучувајќи и 2.0-литарски бензински турбокомпресор и последната генерација „eDrive“ систем. Во споредба…

  • Toyota го претстави новиот седан Corolla (фото+видео)

    Toyota го претстави новиот седан Corolla (фото+видео)

    „Toyota“ ја претстави новата генерација на седанот „Corolla“ за американскиот пазар. Моделот е поставен на платформата „TNGA“, со цел да добие променет дизајн, нов 2,0-литарски…

  • Како да се изберат зимски пневматици?!

    Како да се изберат зимски пневматици?!

    Гумата е единствениот контакт со патот.  Од нејзиниот избор според периодот од годината, од нејзиниот квалитет и исправност зависи и безбедноста на патот. Иако законската…

  • Први фотографии од пикапот Jeep Gladiator

    Први фотографии од пикапот Jeep Gladiator

    На Интернет се појавија првите официјални фотографии од новиот пикап на американскиот производител. Долгоочекуваниот „Jeep“ пикап, за кој се шпекулираше дека ќе ја има ознаката…