3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Captur II пристигнува во 2019-та

Renault Captur II пристигнува во 2019-та

Втората генерација на еден од најпопуларните поткомпактни кросовери на пазарот ќе дебитира на саемот за автомобили во Франкфурт во 2019-та.

Еден од првите модели кои ја започнаа офанзивата на кросовери од „B“ сегментот во Европа беше „Renault Captur“.

Oвој автомобил е претставен на почетокот на 2013-та на женевскиот авто-саем, половина година по четвртата генерација на „Clio“. Токму како и сопменатиот „Clio“, и „Captur“ стана еден од најбараните модели во својата класа.

Во меѓувреме, на пазарот се појавија бројни конкуренти, па сегашниот „Captur I“ наскоро ќе добие наследник.

Втората генерација на поткомпактниот кросовер на брендот „Renault“, покрај стандардните верзии на мотори со внатрешно согорување, ќе има и „plug-in“ хибридна верзија, пишува „AutoExpress“.

Како што се наведува, хибридниот „Captur“ ќе го користи агрегатот на „Nissan“ – атмосферски 1.6-литарски бензинец со 4 цилиндри во комбинација со електромотор кој користи батерија од 9,8 kWh. Tоа би требало да биде доволно автомобилот да мине 50-тина километри само на струја.

Сличен хибриден систем ќе биде вграден и во други идни модели на групациајта „Renault-Nissan-Mitsubishi“, меѓу кои се „Nissan Qashqai III“ и „Renault Kadjar“, но не и идниот „Renault Clio V“ кој ќе има обичен хибриден погон без можност за дополнување на батеријата со електричен полнач.

Меѓу погонските едници кои ќе ги користи „Captur II“ ќе биде и 1.3-литарски бензинец кој е развиен во соработка на „Renault-Nissan“ и „Mercedes“.

Неизвесно е дали ќе им се придружи и актуелниот дизел агрегат 1.5-литарски dCi, кој би можел да го продолжи својот век со одредени подобрување кои би го направиле еколошки прифатлив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП