26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на џез албумот "Reflections" на гитаристот Џоле Грујовски

Промоција на џез албумот “Reflections” на гитаристот Џоле Грујовски

На 8 ноември (четврток) со почеток во 21:30ч во “Public Room” Скопје, гитаристот Џоле Грујовски ќе одржи концертна промоција на неговиот прв соло албум “Reflections”, кој е сниман во 2017 година и е издаден за “ЗЏМ”.

Членови во бендот се: Џоле Грујовски на гитара, Оливер Јосифовски на бас, Филип Димишковски – клавијатури и Александар Ванчовски – тапани.

Билетите за настанот може да се набават во продажната мрежа на Karti.com.mk по цена од 300 денари. Со секој билет следува и подарок бесплатен примерок CD од албумот “Reflections.”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП