1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на новиот албум на Тоше Проески на големиот концерт в петок

Промоција на новиот албум на Тоше Проески на големиот концерт в петок

На големиот концерт во чест на Тоше Проески што ќе се одржи в петок во ВИП-арена „Борис Трајковски“ ќе биде промовиран албумот „Secret Place со нови, досега необјавени песни од починатата ѕвезда.

Проески е автор на дел од песните, а за создавањето на неколку песни соработувал со познатиот англиски композитор и продуцент Енди Рајт. На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видеозаписи со Тоше.

Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов се дел од ѕвездите кои ќе настапат на концертот и со кои публиката ќе ги пее најголемите хитови на Тоше, а неговиот внук Кристијан Ристески ќе ја изведе We are blood, песна која се наоѓа на новиот албум.

Организаторите, Фондацијата „Тоше Проески“, велат дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на Тоше. Средствата се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје. Концертот в петок почнува во 20 часот. Билетите се по цена од 250 и 350 денари и може да се купат во „Југотон“, „Розе Веро 2“ и „Носталгија рекордс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП