25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонечно: Наследникот на McLaren F1 (фото+видео) 

Конечно: Наследникот на McLaren F1 (фото+видео) 

Најпосле „McLaren“ го претстави својот нов топ-модел – „Speedtail“ кој има тешка задача да е наследник на легендата од средината на 90-тите години „F1“.

Со цена од речиси 2,3 милиони долари и максимална брзина од 402 км/ч, „Speedtail“ дава почетокот на нова ера за британската компанија. Новиот модел, природно, има амбиции и да е ривал на најскапите и најлуксузни автомобили на светскиот пазар, како „Bugatti Chiron“.

Но двата автомобила користат различна филозофија, за да стигнат до импресивните брзини, кај „Chiron“ во преден план е бруталната моќ од 1.500 коњски сили, додека кај „McLaren“ се залагаат многу повеќе на ефикасноста на аеродинамиката.

Каросеријата на „Speedtail“ е од фиброкарбон и е така дизајниран што возилото да има минимално аеродинамичен отпор, а дизајнерите отстраниле што е можно повеќе елементи кои би ја влошиле аеродинамиката. Па така странични ретровизори биле заменети со камери кои се повлекуваат.

„Speedtail“ ги повлекува камерите во вратите, кога се движи во режим „Velocity“ и заедно со тоа клиренсот на автомобилот се намалува со 35 мм. Во задниот дел се појавуваат две аури, кои имаат улога во забрзувањето и сопирањето. Моќта на „Speedtail“ е 1.035 коњски сили кои доаѓаат од хибридниот систем.

Со негова помош возилото забрзува од 0 до 299 км/ч за 12,8 секунди, што за 2,7 секунди побрзо од „McLaren P1“ со моќност 903 коњски сили. Се уште од компанијата нема потврда каков е моторот на „Speedtail“, но се претпоставува дека станува збор за варијанта на 4-литарскиот V8 со две турбини и моќност од 789 коњски сили, како кај моделот „Senna“ кој сепак работи со повеќе моќни електромотори во споредба со хибридниот систем на „P1“.

Каросеријата на „Speedtail“ е во форма на капка, а возачкото место е поставено во средината, исто како кај „F1“, а од двете страни се седиштата за сопатниците.

„McLaren“ планира да произведе само 106 примероци од „Speedtail“, и сите тие веќе се резервирани, а испораката на првите автомобили започнува во почетокот на 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП