3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCanon повторно ја намали годишната прогноза за профитот

Canon повторно ја намали годишната прогноза за профитот

Јапонската компанија „Canon“ ја намали прогнозата за годишна добивка по втор пат во оваа година, наведувајќи дека тоа се должи на послабата продажба на „SLR“ камерите (SLR – Single Lens Reflect) и намалувањето на побарувачката на опрема поврзана со чиповите, објави „Ројтерс“.

Производителот на камери и принтери ја намали прогнозата за профитот до 335,5 милијарди јени (2,99 милијарди долари) од 378,5 милијарди јени. За споредба аналитичарите очекуваат 375,4 милијарди јени според податоците на „Refinitiv“.

Пониската прогноза беше дадена три месеци откако „Canon“ за прв пат ја намали заради полошата продажба од очекуваната на дел од опремата.

Продажбата на „SLR“ камерите се намалила побрзо од очекуваното, бидејќи некои корисници се воздржани од купување, бидејќи ги очекуваат новите уреди на „Canon“, изјави главниот финансиски директор Тошизо Танака.

Оперативната добивка за кварталот, завршен во септември, се намали со 12,4 отсто до 68,3 милијарди јени (610 милиони долари), во споредба со профитот од 78 милијарди јени пред една година, изјави компанијата со седиште во Токио.

Профитот на „Canon“ не успеа да одговори на просечната прогноза за 86,57 милијарди јени, дадена од шестмина аналитичари.

„Canon“ има пазарна капитализација од 41 милијарди долари, а неодамна го објави својот прв полноформатен безогледален фотоапарат, што претставува огромна промена во нејзината производната стратегија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП