27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОва се петте најдобри работодавачи во Америка

Ова се петте најдобри работодавачи во Америка

google1

Иако многумина при изборот за најдобри работодавачи во предвид главно ги земаат финансиските фактори, односно висината на платата, постојат бројни други фактори кои влијаат на задоволството на работниците на работното место.

Магазинот „Fortune“ спроведе истражување за компаниите во САД, во кои е најдобро да се работи, а во предвид, освен висината на платата, се земени и други, не помалку важни фактори.

Грижата за децата, компатибилноста на приватниот живот со кариерата и здравствените придобивки се само некои од факторите кои се земени во предвид во потрагата по најдобриот работодавач.

Според резултатите од истражувањето, топ пет најпосакувани компании за работа се: „Google“, „SAS“, „CHG Healtcare Services“, „Boston Consulting Group“ и „Food Market“.

„Google“ веќе четврта година по ред e крунисан со титулата – најпосакувана компанија за работа. Велнес центар, бесплатна храна, придобивки за домашни миленици, спортски комплекси и уште многу други бенефиции, кои технолошкиот гигант им ги нуди на своите вработени.

Енди Сервер, главниот уредник на магазинот „Fortune“, истакна дека „во „Google“ работат најталентираните луѓе во светот и тие ќе направат се само да ги задржат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП