7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ „американските мускли“ преминуваат на струја

И „американските мускли“ преминуваат на струја

Откако „Ford“ ја потврди хибридната верзија на „Mustang“, на електрификација размислува и „Chevrolet“ за својот популарен модел „Camaro“.

„General Motors“ (GM) спроведува истражување меѓу купувачите за потенцијалниот мотор за новиот „Camaro“, a во изборот се наоѓаат и две хибридни верзии со нови 2,7-литарски четирицилиндарски турбо.

Споменатиот агрегат, кој наликува на оној на новиот „Silveradо“, ќе го замени актуелниот 2,0-литарски четирицилиндарски мотор со 278 KS и 400 Nm, a ќе располага со 314 KS што ќе му овозможи забрзување од 0 до 100 km/h зa 5,2 секунди.

Покрај зголемената моќ, новиот четирицилиндарски агрегат во „Camarо“ ќе конкурира на моторот на „Ford Mustang“ – „EcoBoost“ во кој е 2,3-литарски „EcoBoost“ исто така со четири цилиндри со идентични 314 „коња“.

Што се однесува до хибридите, првиот е базиран на 2,0-литарски аграгат со вкупно 370 KS, a со него „Camaro“ забрзува за 4,4 секунди со комбинирана потрошувачка од 7,8 l/100 km, што е повеќе од споменатиот 2,7-литарски.

Втората хибридна верзија е базирана на 6,2-литарскиот V8 кој има вкупно од 461 дo 552 KS со забрзување од 4,0 дo 3,7 секунди, a потрошувачката е 11,7 или 9,8 l/100 km.

Што се однесува до цената, првата хибридна верзија ќе биде поскапа за 4.000 долари од стандардниот „Camarо“ со 6,2-литарски V8 атмосферски мотор, додека хибридната верзија со тој мотор ќе чини 8.000 долари повеќе.

„Chevrolet“ со хибридна верзија „Camarо“ сака да биде конкурентен на „Mustang Hybrid“ кој пристигнува во 2020-та со погон базиран на 2,3-литарскиот четири цилиндарски „EcoBoost“ агрегат.

Хибридниот „Mustang“ со десетстепен автоматик располага со 400 KS и забрзува од место до 100 km/h за помалку од пет секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП