11 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден напиток кој го зајакнува имунитетот по германски рецепт

Природен напиток кој го зајакнува имунитетот по германски рецепт

Ако ви ослабил имунитетот, пробајте го напитокот за негово зајакнување, кој се подготвува едноставно, а дава многу ефикасни резултати.

Земете четири лимони, измијте ги убаво заедно со кората, а потоа исецкајте ги на парчиња.

Потоа додадете четири чешниња лук, ситно исецкани и парче корен од ѓумбир, па сето тоа добро измешајте го во блендер.

Добиената смеса загрејте ја во тенџере и додадете доста вода, околу два до три литри.

Кога ќе зоврие оставете ја да се олади, а потоа процедете ја и ставете ја во фрижидер.

Секое утро на празен стомак и два часа пред спиење испијте по два децилитри од овој напиток.

Пред употреба промешајте за ѓумбирот да не остане на дното и не се грижете за вкусот од лукот, нема да се познава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП